Кајли Џенер во танга бикини, никогаш послаба - сама на одмор на Карибите, откако раскина со Тревис Скот (фото)
- Детали
- среда, 01 февруари 2023
Кајли Џенер во танга бикини го покажа извајаното тело, без да се срами од крупните кадри од нејзиниот задник од папарацо фотографите... Го преболува Тревис на Кариби.
По бурниот месец поради разделбата со Тревис Скот, Кајли Џенер замина на одмор на Карибите.
25-годишната богаташка беше забележана потполно сама, на плажа на Туркс и Кајкос.
Кајли, која се чини дека е послаба од кога било, носеше црни бикини што ги истакнуваат нејзините облини, како и минијатурно зелено здолниште.
Пред околу една година Кајли го доби второто дете – синот Ер – а од фотките е очигледно дека веќе се вратила во форма.
Кајли има и уште една ќерка, 5-годишната Сторми, но ниту едно од децата не беше забележано со неа на плажата.
По разладувањето во океанот, Кајли се истушира и сама ја напушти плажата.
Претходно, на истата дестинација беше забележана пријателката на Кајли, Анастасија Караниколау, па веројатно девојките заедно се на одмор.
Според гласините, Кајли и Тревис Скот повторно се разделиле, откако решија да ѝ дадат втора шанса на врската во 2020 година.
„Кајли и Тревис се смируваат и раскинуваат. Требаше заедно да ги поминат празниците“, сподели извор близок до ријалити ѕвездата.
Но, Кајли ја помина Нова година во Аспен, со сестра ѝ Кендал, без Тревис.
Според изворите, раскинувањата на Кајли и Тревис не се ништо ново.
„Ова се случува многупати – познато е дека постојано раскинуваат и се смируваат. Но, секогаш остануваат пријатели и се одлични родители“, вели извор за Us Weekly.
Не е познато кога точно Кајли и Тревис одлучиле да стават крај на врската, а последен пат беа забележани заедно на почетокот од декември.
Парот ја почна врската во 2017-та, а веќе следната година ја добија ќерката Сторми. Во 2019-та одлучија да се разделат, за повторно да се зближат за време на пандемијата.
По смирувањето, тие ја криеја врската од јавноста, а сега избегнуваат да зборуваат и за втората разделба.
Кајли Џенер на Туркс и Кајкос:
Спирова С. | Црнобело