Џорџина Родригез го прослави 29-тиот роденден во луксузна атмосфера со Роналдо, 5-те деца и пријателите
- Детали
- сабота, 28 јануари 2023
„29-годишна и опкружена со луѓето и малите луѓе кои ги сакам со сето мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Бог за сè“, објави емотивната Џорџина, која блесна на својот роденден со специјално мени, написи и цветни аранжмани.
Џорџина Родригез го прослави 29-тиот роденден во Саудиска Арабија со Роналдо и 5-те деца во раскошна атмосфера со торта на три ката, картички со напис Џорџина и многу цвеќе.
Со саканите покрај себе, тесен бел фустан и високи потпетици, саканата на најплатениот фудбалер на светот блеска од среќа.
Со фотографиите од роденденот Џорџина напиша:
„29-годишна и опкружена со луѓето и малите луѓе кои ги сакам со сето мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Бог за сè. Ви благодарам што одвоивте малку време да ми честитате и што ми испраќате толку многу љубов.“
С. С. | Црнобело