Милан Мариќ со шишки, Деми Ловато непрепознатлива - Светските и регионални ѕвезди како деца (фото)
- Детали
- сабота, 28 јануари 2023
„Биди свој шеф“, „Шефовите не се раѓаат, туку се создаваат“. Ова се некои од текстовите што се најдоа до дел од фотографиите на светските и регионалните ѕвезди кои активно се вклучија во носталгичната кампања на модната куќа Hugo Boss.
Меѓу светски познатите личности што споделија свои фотографии се Парис Хилтон и Џиџи Хадид, а на кампањата од регионот се придружија и српскиот актер Милан Мариќ и модната блогерка Тамара Калиниќ.
Интересно е што кампањата ни нуди можност да погледнеме одблиску какви биле познатите личности кога желбата за слава била само далечен сон.
Идејата на оваа носталгична кампања на познатата модна куќа е да покаже дека вистинските шефови не се раѓаат, туку се создаваат со многу работа и труд.