Дејвид Фостер има 1-годишен син на 73 години, а најстарата ќерка му има 52 години: „Поинаку е да се биде татко на син“

Тој има пет ќерки на возраст од 36 до 52 години, но во 2021 година доби дете повторно и сега на 73 години е татко на 1-годишен син, со 38-годишната сопруга. Дејвид Фостер открива како изгледа родителството на оваа возраст...

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-01.jpg

Музичарот Дејвид Фостер уште се адаптира на предизвикот да расте мало дете на 73 години. Тој и сопругата, пејачката и актерка Кетрин Мекфи (38), го добија синот Рени во првата половина на 2021 година.

Инаку, Дејвид има 5 ќерки од претходните врски и тоа на возраст од 52, 49, 41, 40 и 36 години.

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-03.jpg

„Имав само ќерки, сè додека не добив син и ги сакам моите ќерки безусловно, но малку е поинаку да се има син. Особено поради мојата возраст е поинаку.

Не е полошо или подобро, туку едноставно поинаку. Уште работам многу, уште ми се случуваат многу работи, но можеби времето ми е малку подрагоцено затоа што имам многу повеќе живот зад мене, отколку пред мене.“, вели Дејвид.

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-04.jpg

Тој стапи во брак со Кетрин во 2019 година.

Дејвид во својата завидна музичка кариера има дури 16 Греми награди.

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-02.jpg

Вели дека сака својата мудрост да му ја пренесе на синот.

„Мислам дека можам да го научам Рени многу работи, иако нема да бидам тука кога тој ќе има 50, 40 или дури и 30 години. Но, сметам дека можам да му понудам мудрост од мојот долг животен век на оваа планета и можеби тоа не е лошо. Барем така се надевам.“

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-05.jpg

„Кога бев млад не бев трпелив, мора да признаам. Бев арогантен и постојано во движење. Не очекував дека ќе добијам дете на оваа возраст, но воопшто не се каам.

Го обожавам секој ден и си размислувам како кога бев млад и имав деца работев деноноќно и не ги гледав. Сега е поинаку, минувам многу повеќе време со него. Откажувам дури и планови за да бидам со синот“, вели музичкиот могул.

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-07.jpg

Во една пригода неговата сопруга Кетрин за него напиша:

„Дејвид Фостер ме сака на начинот на кој само можев да сонувам да бидам сакана и тој ми го комплетираше животот со тоа што ме направи мајка. Го обожавам нашето мало семејство. И нашето големи семејство.

Ти никогаш не се жалиш за тоа како нашиот живот е малку поинаков откако добивме дете. Со тоа што го донесовме Рени на овој свет ми приреди неверојатна радост. За уште многу заеднички авантури. Те сакам до месечината и назад.“

dejvid-foster-ima-mal-sin-dete-na-73-godini-a-najstarata-kjerka-mu-ima-52-godini-tatkovstvoto-e-poinaku-sega-06.jpg

Повеќе фотографии од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg