Откако се премислија за разводот, Силвестер Сталоне и сопругата шетаат фатени за рака и вљубени како некогаш (фото)
- Детали
- недела, 15 јануари 2023
Облечени во тон во фармерки, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин изгледаат кул и младешки и си се држат за рака, откако одлучија да не се разведат и љубовта победи над несогласувањата.
Силвестер Сталоне, по низа семејни проблеми кога беше на раб од развод со сопругата, сега си ја врати хармонијата во секојдневието и со својата сакана Џенифер Флавин се вљубени како некогаш.
Парот беше фотографиран за време на прошетка во Лос Анџелес кога одеа во продавница за накит фатени за рака, заедно со една од нивните 3 ќерки – Систин.
Облечени во тон во фармерки, тие изгледаат кул и младешки.
Сталоне вели дека единственото нешто за кое се кае во животот е што не поминувал повеќе време со ќерките и семејството.
Новите и малку постари папарацо фотки од парот, направени по гласините за развод:
С. С. | Црнобело