Се вози стоечки до Златни глобуси – Лили Џејмс покажа како успеала да не го стутка Versace фустанот (фото)
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
Пие од цевка за да не ја уништи шминката, наместо со лимузина, на Златните глобуси пристигнува во комби во кое стои за да не го стутка фустанот - Актерката Лили Џејмс во видео покажува дека не е воопшто лесно да се биде гламурозен на вакви настани.
Актерката Лили Џејмс (33) која минатата година беше мошне актуелна со улогата на Памела Андерсон во Pam and Tommy беше номинирана за наградата за најдобра женска улога на „Златните глобуси“, а на црвениот тепих се појави во црвена тоалета и брзо го привлече вниманието на сите присутни.
Додека најголемиот број светски модни списанија пишуваа за неповторливиот фустан на Лили Џејмс со потписот на Versace, на Инстаграм се појави видео на кое се гледа како изгледа подготовката за појавувањето на црвениот тепих.
Пиење течности со цевка за да не се уништи шминката, неколку асистенти кои цело време ја придружуваат и внимаваат фустанот да не се стутка, наместо во лимузина мора да пристигне со комби во кое цело време стои...
Погледнете го краткото видео во кое може да види колку напорно работела Лили Џејмс за да го постигне блескавиот изглед на црвениот тепих:
Погледнете повеќе фотографии од фустанот на Лили во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело