Џони Деп неутешен по смртта на легендарниот гитарист Џеф Бек: „Ми помогна да останам жив додека траеше целото лудило“
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
„Ми помогна да останам жив и да не го загубам разумот за време на целото лудило“ – со овие зборови Џони Деп минатата година го величеше легендарниот музичар Џеф Бек кој останал со него додека траеше скандалот со Амбер Херд. Актерот е неутешен по смртта на својот колега и пријател.
Легендарниот британски гитарист Џеф Бек почина на возраст од 78 години, по кратко боледување.
Тој кариерата ја започна како гитарист на групата Yardbirds каде го замени Ерик Клептон, а потоа формираше сопствен бенд заедно со Род Стјуарт.
Веста за неговата смрт во текот на вчерашниот ден (11.01) беше објавена на Твитер:
„Во име на неговото семејство, со големо жалење објавуваме дека Џеф Бек нѐ напушти. Откако ненадејно се разболе од бактериски менингитис, тој почина мирно во текот на вчерашниот ден. Неговото семејство ве моли за приватност додека се справуваат со тешката загуба“.
On behalf of his family, it is with deep and profound sadness that we share the news of Jeff Beck’s passing. After suddenly contracting bacterial meningitis, he peacefully passed away yesterday. His family ask for privacy while they process this tremendous loss. pic.twitter.com/4dvt5aGzlv
-->-->— Jeff Beck (@jeffbeckmusic) January 11, 2023
Инаку Бек бил во брак двапати. Првиот пат со Патриша Браун со која се оженил во 1963-та на само 19 години, но се развеле по само 4 години брак во 1967-мата година.
Џеф по ова беше сингл долго време, и дури во 2005-тата година одлучи по вторпат да застане пред олтар со Сандра Кеш.
Не се знае многу за неговата втора сопруга, освен дека најверојатно таа e 20 години помлада од него. Иако бил двапати во брак, Џеф немаше деца.
Минатата година Џони Деп зборуваше за парот во едно интервју и рече дека Џеф и Сандра биле меѓу ретките што останале со него за време на тешкиот период:
„Постои еден пар што најмногу ми помогна да останам жив и да не го загубам разумот за време на целото лудило... Тоа се Џеф и Сандра“ – рече Џони Деп.
Инаку, непосредно по завршувањето на судското рочиште за клевета со Амбер Херд, Џони Деп и Џеф Бек беа заедно на музичка турнеја и ги полнеа светските музички концертни сали.
Според пишувањата во медиумите, актерот е неутешен по смртта на неговиот близок пријател.
https://twitter.com/GehanDeppEgypt/status/1613313929244991490
Магазинот People пишува дека Џони бил со Џеф на неговата смртна постела и сѐ уште не може да се помири со фактот дека повеќе го нема.
„Тие беа мошне блиски пријатели и уште повеќе се зближија минатото лето, кога заедно беа на турнеја. Болеста на Џеф настапи многу брзо и состојбата многу брзо му се влоши во изминатите неколку недели“ – пишува весникот.
Б. С. Б. | Црнобело