Пред Марко Јариќ била во врска со Лени Кравиц, тврди дека невиноста ја загубила на 27 години – Факти за Адријана Лима
- Детали
- сабота, 14 јануари 2023
Сосема случајно на 15 години победила на натпревар за убавина, никогаш не сакала да биде модел, а тврди дека била невина сѐ до нејзини 27 години, односно додека стапила во брак со Марко Јариќ – Факти за бразилската убавица Адријана Лима.
Адријана Лима (41) неодамна се појави на модните писти во Катар, каде привлече внимание со променетиот изглед и видно отеченото тело.
Само 3 месеци по породувањето Адријана храбро зачекори на модните писти, а забележително е дека некогашната манекенка која важеше за секс-симбол многу се променила по раѓањето на синот Сијан, кого го доби од врската со Андре Лемерс.
Адријана Лима има богата кариера како манекенка и модел која ја гради веќе 27 години, а во продолжение неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Родена е во 1981-ва година во Бахиа, Бразил. Татко ѝ бил столар, а мајка ѝ социјален работник. Татко ѝ ги напуштил кога Адријана имала само 6 месеци и таа израснала сама со мајка ѝ во Салвадор, Бразил.
За разлика од големиот број други познати манекенки, Адријана како дете не сонувала да биде модел, туку педијатар.
Кариерата ја започнала уште во 90-тите години, кога се појавила на натпреварот „Супермодел на Бразил“.
Интересно е тоа што Адријана на натпреварот за убавина се пријавила по барање на нејзина другарка која не сакала да се пријави сама.
Никој не очекувал дека тогаш 15-годишната убавица ќе го освои првото место, а во 1997-ма година ќе се пресели да живее во Њујорк и ќе потпише договор за агенцијата Elite Model.