Трагичната приказна на актерката Оливија Хаси – останала бремена откако бившиот ја силувал, била присилена да снима секс-сцени на 15 години
Кристофер имал сериозни проблеми со темпераментот, а насилството станало секојдневие.
„Бев млада и го сакав. Му бев многу лојална“, се присетува актерката на врската.
Овој период Оливија почнала да се дружи со Шерон Тејт – сопругата на режисерот Роман Полански која беше убиена од култот на Чарлс Менсон додека беше бремена.
Но, кратко откако почнало нивното пријателство, се случи и грозоморното убиство.
„Требаше да се преселам кај неа за да ѝ помогнам со бебето. Но, тогаш мојот агент го доби повикот. Никогаш нема да заборавам како ми кажа дека сите се мртви. Беше ужасно“.
Околу еден месец по убиството, Оливија собрала храброст да му раскине на Кристофер, но и да се пресели во куќата на Шерон Тејт.
„Луѓето ме прашуваа како можам да живеам таму. Но, јас им велев дека во Англија повеќето куќи имаа ужасна историја.
Сè што чувствував беше вибрацијата на Шерон. Остави еден портокалов шал кој го чував покрај мене со години“.
Иако Оливија почнала да се чувствува посреќно, бившото момче не можело да се помири со раскинувањето.
Па, една вечер дошол во куќата, цел час ја удирал и на крај ја силувал.
„Не знаев дали ќе ме убие. Лицето ми беше како балон. Ми течеше крв од носот, устата ми беше расцепена, имав модринка на окото. Беше страшно“.
Оливија го криела нападот од речиси сите и не пријавила во полиција, а неколку недели подоцна дознала дека е бремена од силувањето.
„Одлучив дека не можам да го чувам тоа дете. Ми се скрши срцето, но не зажалив за одлуката да абортирам“.
На денот кога ја закажала процедурата, Кристофер ја посетил, ѝ се извинувал и ја молел да не абортира. Тогаш Оливија му се заканила дека ќе го пријави во полиција за силувањето, па тој никогаш повеќе не пробал да стапи во контакт со неа.
Кристофер почина во 2014 година од рак на мочниот меур, а зад себе остави три неуспешни бракови и седум деца.
По силувањето, Оливија го запознала пејачот Дин Пол Мартин кој ѝ помогнал во најтешките мигови, а подоцна ѝ стана и сопруг.
„Од целиот хорор се појави еден од најсветлите, најсреќните денови во мојот живот. Многу бев вљубена“, пишува Оливија во мемоарите.
Тие се венчаа во 1971 година и имаат еден син. Но, додека била во седмиот месец од бременоста, Дин почнал да ја изневерува.
„Згасна искрата помеѓу нас и двајцата го знаевме тоа. Ако бевме постари, можеби ќе отидевме кај брачен советник“.
Парот се раздели, по што Оливија почнала да се прејадува, да пие многу алкохол и апчиња за слабеење и спиење. Постојано имала панични напади и некои денови не можела ни да стане од кревет.
Актерката успеала да се врати во нормала благодарение на гуру од Индија, а потоа се венча со јапонски пејач со кого доби уште едно дете.
По разводот со јапонскиот пејач, Оливија се венча со музичарот Дејвид Глен со кого е во брак до денес.
Во 2008 година, актерката беше дијагностицирана со рак на дојката во четврти стадиум. Тогаш одби хемотерапија и радијација, и наместо тоа направи двојна мастектомија.
Десетина години подоцна, ракот се врати, но актерката беше излечена.
„Туморот е намален. Има големина на зрно грашок и добро ми е. Здрава сум и среќна“, откри таа кратко по боледувањето.
Од 2015 година актерката се држеше настрана од јавноста, сè до тужбата против Paramount Pictures.
Според изворите, Оливија и колегата бараат оштета од 500 милиони долари од студиото.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108418_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111309_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108835_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112597_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107521_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113167_400.jpg)