Трагичната приказна на актерката Оливија Хаси – останала бремена откако бившиот ја силувал, била присилена да снима секс-сцени на 15 години

На само 15 години, Оливија Хаси била присилена да снима секс-сцени за филмот Romeo and Juliet, а оттогаш во нејзиниот живот се случувале само трагедии – страдала од агорафобија и анксиозност поради што уринирала на себе кога требало да ја запознае кралицата Елизабета, останала бремена откако бившиот ја силувал, а нејзината пријателка Шерон Тејт беше свирепо убиена од култот на Чарлс Менсон. 

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-01.jpg

Неодамна, 72-годишната актерка Оливија Хаси го привлече вниманието на јавноста откако соопшти дека ќе го тужи студиото Paramount Pictures за филм од далечната 1968 година.

Денес Оливија не е многу активна, но своевремено беше една од најпознатите холивудски актерки, а се прослави со филмот Romeo and Juliet каде што ја глуми Јулија.

Иако Romeo and Juliet ѝ помогна да се пробие во филмската индустрија, Оливија го тужи студиото токму поради овој филм.

Оливија имала само 15 години кога го снимала филмот, но ова не го спречило режисерот да ја присили да снима секс-сцена.

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-11.jpg

Покрај Оливија, другата главна улога му припаѓа на 72-годишнит Леонард Вајтинг кој заедно со неа поднесе тужба против студиото.

Оливија и Леонард заедно ја снимале контроверзната сцена, а и актерот бил многу мал – имал едвај 16 години.

Траумата што ја претрпела Оливија за време на снимањето била толку голема, што таа не се појави во ниту еден филм две години по премиерата на Romeo and Juliet.

Во 2018 година, Оливија издаде мемоари каде што откри дека контроверзниот филм бил само почеток на нејзините страдања.

„Каков живот имав… Благодарна сум што успеав да го преживеам сето ова“, сподели таа во интервју за People од истата година.

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-05.jpg

Оливија е родена во Буенос Аирес, а детството го поминала во Лондон.

До 15-годишна возраст веќе имала неколку мали улоги, а била избрана да ја глуми Јулија бидејќи изгледала многу помлада. За потсетување, во драмата на Шекспир, Јулија има само 13 години.

Филмот ѝ донесе светска слава, но Оливија воопшто не била подготвена за ова.

Актерката била изложена на многу стрес, поради што качила некој килограм. На студиото не му се допаѓало што Оливија била „полничка“, па ја терале да пие апчиња за слабеење кои ѝ предизвикувале анксиозност.

„Почнав да си го мразам телото. Ако некогаш ја гледав храната како уживање, сега ја гледав како непријател“, сподели таа во мемоарите.

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-07.jpg

Иако набрзо потоа нејзината мајка ѝ забранила да ги пие апчињата, критиките од студиото веќе имале лошо влијание врз Оливија.

Истовремено, актерката се чувствувала многу осамено и покрај неа немала ниту една личност која може да ѝ помогне да се справи со огромната популарност.

Ситуацијата кулминирала за време на проекција на филмот во Англија, каде што присуствувало и кралското семејство.

Актерка откри дека била многу нервозна пред да се запознае со членовите на кралското семејство, поради што почнала хистерично да се смее, па дури и уринирала на себе.

„Неколку години подоцна ми дијагностицираа агорафобија – големи толпи, отворени места и социјални настани над кои немам контрола ме исполнуваат со голем страв“.

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-10.jpg

Агорафобијата била причина зошто Оливија не прифаќала нови улоги по Romeo and Juliet.

Сепак, одвреме-навреме излегувала со други актери и овој период го запознала Кристофер Џонс – актерот кој беше нарекуван следниот Џејмс Дин.

Тие почнале врска, а со ова почнал можеби најмрачниот период од животот на актерката.

Иако многумина ја предупредувале за лошиот карактер на Кристофер, Оливија била вљубена 17-годишна девојка која само сакала да биде со своето момче.

tragichnata-prikazna-na-akterkata-olivija-hasi-ostanala-bremena-od-siluvanje-bila-prisilena-da-snima-seks-sceni-na-15-godini-13.jpg

Речиси веднаш откако ја почнале врската, Кристофер почнал да ја малтретира.

„Разговаравме и тој ме гледаше во очи, и одеднаш ме удри во стомакот“, откри Оливија во интервјуто за People.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg