Повраќа, плаче: Бремената Џеси Џеј (34) со брутално искрено видео за маките во првото тримесечје
- Детали
- понеделник, 09 јануари 2023
Повраќа на секој чекор, плаче неутешно, се превиткува од болки... Џеси Џеј на 34 години е бремена со првото дете, 13 месеци по спонтаниот абортус, и открива колку е тешко првото тримесечје од бременоста за неа.
Пејачката Џеси Џеј (34) е бремена со своето прво дете, а во видео со повеќе споени снимки од нејзиното секојдневие, доловува како ѝ минало првото тримесечје од бременоста.
Инаку, таа дури неодамна откри дека е бремена, 13 месеци откако доживеа спонтан абортус.
„Не можам да објаснам колку болно се чувствувам“, вели ѕвездата во едно од видеата на кое повраќа, а потоа склопчена во солзи лежи во кревет.
Таа вели дека е среќна, но и преплашена што ќе го сподели ова со фановите.
Нејзиното видео за маките во бременоста:
Се разбира, дека не е сè така црно и Џеси има прекрасни мигови во бременоста, таа сподели видео и за убавата страна на овој период од животот:
Џеси Џеј очекува принова со кошаркарот Чанан Колман:
Прочитајте и Џеси Џеј расплакана објави емотивна исповед: „Го изгубив бебето, нема срцева акција“
С. С. | Црнобело