Дру Баримор призна дека почнала да пие за да го преболи разводот: „Само алкохолот ми помагаше, но децата ме вратија во живот“
- Детали
- среда, 28 декември 2022
По разводот во 2016 година, Дру Баримор повторно почна да пие, а сега откри дека причината била болната разделба од третиот сопруг. За разлика од младоста, овојпат била многу поисплашена бидејќи сега алкохолизмот имал влијание и врз нејзините деца. Во ново интервју, актерката открива повеќе детали за битката со алкохолизмот и нејзиниот пат до среќата.
Во ново интервју за People, Дру Баримор отворено зборуваше за битката со алкохолизмот.
Актерката се разведе од третиот сопруг Бил Копелман во 2016 година, а вели дека разделбата имала големо влијание врз нејзината ментална состојба.
Актерката била „скршена“, па почнала да пие неконтролирано за полесно да се справи со болката.
„Само пробував… да се чувствувам добро. И, алкохолот ми го правеше токму тоа“.
47-годишната актерка имаше проблеми со зависности уште во детството, а разводот ја натерал повторно да им се врати на пороците.
А, вториот пат ѝ било особено тешко да се откаже од алкохолот.
„За мене, пиењето беше константна. Си мислев ’Не можеш да се промениш. Слаба си и неспособна да го направиш она што е најдобро за тебе. Постојано мислиш дека ќе го совладаш, но тоа секогаш те поразува'“.
Дру смета и дека тоа што разводот поминал многу мирно, без скандали, исто така имало лошо влијание.
„Немаше скандал. Немаше ништо погрешно, што е подобро, но и потешко и збунувачко бидејќи немате кон што да ја насочите вината.
Навистина се обидувавме да го спасиме бракот. Пријателка ми рече дека разводот е смртта на еден сон. Токму така се чувствував“.
Можеби најголема помош во откажувањето од пороците ѝ биле нејзините ќерки – 10-годишната Олив и 8-годишната Френки – кои ја мотивирале да ги промени животните навики.
„Откако не го создадов животот што го планирав за моите деца, сето тоа ми беше многу пореално бидејќи овојпат не бев само јас. Овде беа и моите деца за кои се грижам толку многу.
И, потоа веројатно премногу се грижев за нив, што воопшто не се грижев за мене. Тоа беше неуреден, болен пат низ огнот и повторно враќање во живот“.
Кога сфатила дека алкохолот повторно ѝ го уништува животот, Дру почнала да оди на терапија.
„Децата ме натераа да се чувствувам како сето ова да е игра. Ми дадоа нешто на коешто можам да се фокусирам. Нешто во коешто можам да верувам“.
Во друго интервју од 2021 година, Дру откри дека не пие алкохол речиси три години. Тогаш не сподели детали за ова, само спомна дека „нема корист од пиењето“.
Во ноември годинава, пак, таа напиша емотивен есеј во кој зборува за нејзиното „ослободување од алкохолот“.
„Едно од најхрабрите нешта што можете да ги направите е конечно да го промените ужасниот циклус во којшто сте заглавиле. Конечно се ослободив од тортурата на вината и нефункционалноста“.
Во интервјуто за People, Дру вели дека сега води многу подобра грижа за себе и дека конечно научила што значи да се биде среќен.
„Како дете, па дури и во 20-тите и 30-тите, среќата ми изгледаше како претеран оптимизам. Но, сфаќам дека среќата е избор. Треба да работите за неа.
Некои денови е тешко да ја имате. Па, кога ќе ја почувствувате, ви изгледа како голема победа. А, штом ќе ја најдете, цврсто ја држите“.
Спирова С. | Црнобело