Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Ријана, Луисана Лопилато и уште 6 познати личности кои добија бебиња во 2022 година

Се чини дека речиси секоја славна двојка беше фокусирана на проширување на своето семејство во последните неколку години, па во 2022 година, многу славни личности како Кајли Џенер, Луисана Лопилато и Ријана добија нови членови во семејството.

rijana-luisana-lopilato-i-ushte-6-poznati-lichnosti-koi-dobija-bebinja-vo-2022-godina-01.png

Иако е премногу рано да се знае дали ќе ја имаат желбата да одат по стапките на нивните познати родители, нивната наследена слава е нешто што никој не може да им го одземе.

Во продолжение познати парови кои добија дете во 2022: 

Пријанка Чопра и Ник Џонас

Само неколку недели откако Пријанка Чопра и Ник Џонас ја прославија третата годишнина од бракот во декември 2021 година, парот на 21 јануари објави дека станале родители.

Тогаш, парот не го сподели името на нивното бебе, но подоцна беше откриено дека нивното дете се вика Малти Мари.

Кајли Џенер и Тревис Скот

Кајли Џенер и Тревис Скот го добија своето второ дете на 2 февруари. Џенер потоа објави на Инстаграм на 11 февруари дека таа и Скот го крстиле своето бебе Волф Вебстер, но имаше дискусии околу промена на името, за што уште нема официјална информација.

rijana-luisana-lopilato-i-ushte-6-poznati-lichnosti-koi-dobija-bebinja-vo-2022-godina-.jpg

Рози Хантингтон Вајтли и Џејсон Стејтам

Рози Хантингтон Вајтли и Џејсон Стејтам станаа четиричлено семејство во 2022 кога ја добија нивната ќерка Изабела Џејмс Стејтам на 2 февруари.

Второто дете на парот пристигна пет години по раѓањето на нивниот син Џек Оскар Стејтам.

Ед Ширан и Чери Сиборн

На 19 мај, Ед Ширан ги изненади фановите објавувајќи дека тој и неговата сопруга Чери Сиборн добиле нов член во семејството. 

Ријана и A$AP Rocky

Ријана во мај во Лос Анџелес го роди своето прво детe. Таа откри фотографии од бебето дури во декември, а името не е познато. Фановите шпекулираат дека може да биде име што почнува на буквата Р, бидејќи нивните две имиња почнуваат така. 

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го добија своето второ дете во август од сурогат-мајка, 8 месеци откако се разделија, а споделуваат дека бебето било зачнато во ноември 2021.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле на 19 август го објавија раѓањето на нивната ќерка Сиело Јоли Роуз Бубле. Таа е четврто дете и втора ќерка во семејството.

Тие од претходно имаат ќерка по име Вида и две момчиња по име Елиас и Ноа.

Џо Џонас и Софи Тарнер

Џо Џонас и Софи Тарнер на 14 јули објавија дека го добиле своето второ дете - ќерка. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg