„Ист е како татко му“– Принцот Вилијам „фатен на дело“ како оди на свадба кај бившата девојка (фото)
- Детали
- понеделник, 19 декември 2022
„Каков татко, таков син“, „Бил на свадба кај поранешната девојка, без сопругата, дефинитивно ист е како татко му“ – велат дел од твитерџиите што ја видоа веста за принцот Вилијам кој викендов, сам без Кејт, беше на свадба кај поранешната девојка.
Принцот Вилијам (40) деновиве беше на свадба кај неговата поранешна девојка Роуз Фаркар (39). Тој во саботата беше „уловен“ од папараци како си заминува од задниот влез на црквата каде што се одржа свадбената церемонија, а со него не беа сегашната сопруга Кејт и децата.
Се смета дека Роуз Фаркар му била првата девојка на Вилијам. Тие биле пријатели уште од детството, а почнале романтична врска додека биле на студии.
Роуз е една од неколкуте девојки со кои Вилијам имал посериозна врска пред да ја запознае Кејт Мидлтон.
По кратката романтична врска, Вилијам и Роуз останале во пријателски односи, па најверојатно ова е причината зошто принцот од Велс одлучил да присуствува на церемонијата на која таа стапи во брак со Џорџ Гемел, студент по ветерина.
На свадбата присуствуваше и последната девојка на Вилијам пред да ја запознае Кејт, Оливија Хант, заедно со сопругот.
Фотографијата на која се гледа како Вилијам сам влегува во црквата беше објавена во повеќе британски медиуми, а твитерџиите веднаш почнаа да коментираат дека однесувањето на принцот од Велс во голема мера потсетува на она на татко му во периодот кога тој имаше афери со други жени, а беше во брак со принцезата Дијана:
„Бил на свадба кај поранешната девојка без сопругата! А таму имало уште една поранешна девојка. Дефинитивно личи на татко му“,
„Со оглед на тоа дека ја изневерил Кејт и претходно, дефинитивно е ист како татко му“,
„Не верувам дека тој би ѝ дозволил на сопругата да оди на свадбите на поранешните дечковци. Хари и Меган беа во право за него“ – стои во дел од коментарите.
William attends Cotswolds wedding of former girlfriend Rose Farquhar https://t.co/nC7vgHHwsF pic.twitter.com/wmjPrxeCOp
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 17, 2022
Прочитајте и Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не криела дека имаат афера
Б. С. Б. | Црнобело