Ријана и Ејсап Роки позираат на плажа со синот, откако пејачката првпат сподели видео со неговото лице
- Детали
- недела, 18 декември 2022
Седум месеци по породувањето, Ријана првпат го покажа лицето на синчето што го доби со Ејсап Роки, а набрзо потоа семејството беше забележано како прави фотосесија на плажа.
Ријана првпат го покажа лицето на нејзиното дете што го доби во мај годинава, со слатко видео на ТикТок.
Видеото е направено во автомобил, а синчето на пејачката и Ејсап Роки слатко се смее.
@rihanna hacked
♬ original sound - Rihanna
Набрзо потоа, парот беше забележан на плажа како прави фотосесија со детенцето, што значи наскоро можеме да очекуваме и подобри фотки од него.
За фотосесијата, 34-годишната пејачка одбрала долг црн фустан со висок шлиц. Нејзиниот дечко носеше црни кожени панталони и кожена блуза, и го држеше синчето завиткано во ќебе.
Ријана и Ејсап Роки се држат понастрана од јавноста откако го добија синот, а засега уште немаат откриено кое е неговото име.
„Ријана и Ејсап се многу вљубени и си поминуваат одлично заедно. Исто така, тие се одличен тим кога станува збор за грижата за нивното дете“, сподели извор близок до парот.
Според истиот извор, Ријана отсекогаш сонувала да биде мајка, па речиси сигурно во иднина ќе имаат уште деца со раперот.
Неодамна Ријана зборуваше за мајчинството во интервју, споделувајќи дека навистина го цени новиот благослов.
„Кога ќе го видам како се буди и пробува да сфати каде е, тоа ми е најслатко. Не можам да го опишам чувството од мајчинството. Ново е, фасцинантно е. Секој чекор, секој израз на лицето, секое ново достигнување, го сакам сето ова“.
Спирова С. | Црнобело