Бремена, неутешно плаче исплашена за својата безбедност: Невидени фотки од Меган Маркл + зошто стана хит меме со ќебето?
- Детали
- недела, 18 декември 2022
Меган и принцот Хари направија мулти-милионска зделка со Нетфликс, па откриваат досега невидени мигови од приватност, но таа стана мета на критики... „Ништо не ми го крши срцето повеќе од тоа да ја видам Меган во солзи на нејзиното Hermes ќебе од речиси 3.000 долари“, гласи еден од твитовите.
Меган Маркл и принцот Хари отворено говорат многу работи во нивниот нов документарен филм, кој им е мулти-милионска зделка со Нетфликс, но и објавуваат досега невидени фотографии од нив.
Меган објави фотографии од неа направени за време на бременоста со синот Арчи.
Претходно парот објави фотографија на која Меган седи на земја, откако го напуштија кралското семејство, а целиот свет се сврте против нив.
Таа седи на подот загрижена за нивната безбедност затоа што нивното ново место на живеење во Канада беше јавно објавено и добивале закани по живот.
Потоа, Меган повторно се најде во британските медиуми, но како хит меме.
Во документарецот таа во еден кадар неутешно плаче и фотографијата е трогателна и спонтана, но еден детаљ расипува сè, барем твитерџиите така велат, а тоа е скапото Hermes ќебе од кашмир, совршено наместено зад неа на фотелјата, кое чини 2.340 долари, и прави целата ситуација да изгледа исценирано.
Фотографијата вирално се споделува на Твитер, а дел од коментарите се од овој тип: „Ништо не ми го крши срцето повеќе од тоа да ја видам Меган во солзи на нејзиното Hermes ќебе од речиси 3.000 долари. Но, од аспект на продуцент – сè во име на доброто шоу.“
Nothing more heartbreaking than seeing Meghan in tears on her $3000 Hermes blanket. But as good fortune would have it - from a producer’s point of view- all being captured for use in the show! pic.twitter.com/lrug2jyeQV
— Peter Ford (@mrpford) December 1, 2022
Meghan is such a victim. Burying her face in her hands with an Hermes cashmere blanket behind her, wiping her face with her hand inside a limousine and wiping her face again in what looks like the inside of a skyscraper apartment or luxury hotel. Oh the stakes are so so high 😅
Повеќе приватни фотографии од парот:
С. С. | Црнобело