Кога се запознале тој чекал дете од друга жена, молчи за неговите скандали – Факти за бракот на Салма Хајек и сопственикот на Balenciaga
- Детали
- сабота, 17 декември 2022
Познатата манекенка Линда Евангелиста на суд бараше од него месечно да плаќа алиментација за нивниот син. Со Салма Хајек имал 3 луксузни свадби, а деновиве е на удар заради скандалот со неговиот бренд Balenciaga – Што знаеме за Франсоа Анри Пино, кој 13 години е во брак со познатата актерка?
Модниот бренд Balenciaga се најде на удар откако објави бизарна реклама во која се промовира педофилија со дечиња кои носат садо-мазо реквизити, а по големиот број славни личности, се чини дека на сопственикот на брендот, Франсоа Анри Пино, грбот му го сврте и неговата сопруга Салма Хајек.
Таа деновиве прошета сама на црвениот тепих и одлучи воопшто да не коментира за настаните.
Салма и Франсоа се заедно од 2006-та година, а во 2007-мата заедно ја добија ќерката Валентина Палома Пино.
Парот се венча во Париз во 2009-та година, а 9 години подоцна, Франсоа ја изненади Салма со ненадејно обновување на заветите во Бора Бора.
Салма во повеќе наврати рекла дека е пресреќна затоа што се омажила за вистинскиот маж, дека тие се поддржуваат во добро и во зло и дека имаат совршен брак.
Кој е Франсоа Анри Пино и како ја започнал врската со познатата холивудска актерка?
Татко му на Франсоа Пино, кој исто така се викал Франсоа, ja основал компанијатa за обработка на дрво и градежни материјали Pinault. Во 1999-та година оваа компанија откупи околу 42 отсто од акциите во Gucci Group.
По ова компанијата се ребрендира под името Kering и денес во нејзина сопственост се голем број звучни модни куќи, како Gucci, Saint Laurent, Balenciaga, Bottega Veneta и Alexander McQueen.
По завршувањето на образованието, Пино почнал да работи за компанијата на татко му, во 1987-ма година, а во 2005-тата на возраст од 40 години тој станал извршен директор на компанијата.
Освен што поседува голем број модни куќи, тој е сопственик и на францускиот фудбалски клуб Стад Рен, на аукциската куќа Christie’s, понатаму има сопствена градежна компанија и винарија што потекнува уште од 14-иот век.
Се проценува дека неговото вкупно богатство денес тежи околу 38,2 милијарди долари, а тој се наоѓа на 30-тото место на 500-те најбогати луѓе според Bloomberg Billionaires Index.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





