Фановите ја молат Гвен Стефани да престане со пластичните операции: „Не знам што правела, но ова е загрижувачко“
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Фановите буквално ја молат Гвен Стефани да престане со пластични операции и корекции на лицето, особено по eдно појавување на крајот од ноември каде што изгледа непрепознатливо.
Досега корекциите на лицето на Гвен Стефани беа суптилни, но сега фановите веќе се загрижени.
Ако споредите нова фотка со фотка од младоста, и самите ќе забележите дека пејачката најверојатно користи филери или нешто слично за нејзините усни, а и сосема возможно е да користи третмани за брчки како ботокс.
Но, во изминативе 2-3 месеца, се чини дека пејачката претерала со корекциите и операциите.
Фановите првпат забележаа драстична разлика во изгледот на пејачката за време на нејзиното гостување во емисијата Late Night with Seth Meyers.
Покрај тоа што нејзините усни се видно поголеми, додека зборува, пејачката едвај го мрда лицето, најверојатно поради користење многу ботокс.
„Ако не го видев насловот на интервјуто, немаше да познавам дека ова е Гвен Стефани“.
„Сигурнo никој не слушна ни збор од она што го кажа – сите сме фокусирани на нејзиното лице“.
„Сега е буквално непрепознатлива“.
„Ми се плаче, беше толку убава…“
Слични реакции предизвика и нејзиниот настап на крајот од ноември за време на вклучувањето на светилките на легендарната елка во центарот Рокфелер.
What happened to the beautiful face of Gwen Stefani? 😱
— . (@djcooky78) December 1, 2022
At first I thought Amanda Lepore was taking the stage at Rockefeller Center. 😂🎄🎅🌟 @Trendizisst @rockcenternyc #Christmas #xmas pic.twitter.com/8CqQvOpIC0
Иако сите беа воодушевени од нејзиниот настап, промените во изгледот предизвикаа многу повеќе внимание.
Покрај филерите во усните, некои веруваат дека пејачката има ставено и филери во јаболкниците, а многумина буквално ја молат да престане со корекции.
„Не знам што си направила со лицето, но ова е загрижувачко“.
„Додека ја гледав церемонијата, пробував да се сетам на оригиналното лице на Гвен Стефани“.
Поради вниманието што го привлече нејзиниот изглед, за The U.S. Sun се огласил и пластичен хирург:
„Изгледа дека Гвен има потрошено околу 100.000 долари на козметички процедури и третмани, што значи дека нема да ѝ треба лифтинг на лицето во наредните десет години. Се надевам дека нема да претера и да изгледа бизарно, наместо одлично за нејзина возраст.
Лицето на Гвен многупати изгледа отечено, а ова веројатно укажува на тоа дека прави третмани за затегнување“.