Како некогаш: Меган Маркл модно издоминира на настан, Хари ѝ држи чадор и ја води за рака (фото)
- Детали
- среда, 07 декември 2022
Вљубените Меган Маркл и Хари на настан во Њујорк блескаат како некогаш кога беа дел од кралското семејство и како дел од работните обврски одеа по настани. Хари се однесува кавалерски кон својата сакана, а таа блеска со класична елеганција. Тој дефинитивно знае како се сака жена...
Принцот Хари и Меган Маркл се појавија на настан во Њујорк и блескаа како и некогаш кога беа дел од активностите на кралското семејство.
Меган Маркл модно издоминира со долг специфичен крој на фустан на настанот, а Хари изгледаше повљубен од кога било, па како вистински кавалер ја држеше за рака и ја штитеше од дождот држејќи и чадор.
Тие добија награда за нивната борба и заложбите против расизам.
Фотографии од парот на настанот:
С. С. | Црнобело