„Никој не гледа што се случува зад затворени врати“ – Првите снимки од документарниот филм на Хари и Меган (видео)
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
„Никој не гледа што се случува зад затворени врати“ – ова е одговорот што принцот Хари го дава на прашањето за тоа зошто сакал да го направи документарниот филм за Netflix.
Netflix го објави првиот трејлер за новите документарни серии за Хари и Меган (Harry & Meghan) што треба да почне да се емитува наскоро.
Во краткото видео имаме можност да погледнеме повеќе црно-бели фотографии од Хари и Меган во неформално издание, што претходно никогаш не биле објавени во јавност.
Хари како свири на гитара, како кралскиот пар се бакнува, разменува нежности, но и солзите на неговата сопруга се дел од моментите кои се прикажани.
„Направив сѐ што можев за да го заштитам сопственото семејство“ – вели Хари во трејлерот, кој завршува со зборовите: „Кога влогот е толку голем нели е подобро да ја слушнете нашата приказна од нас лично?“.
Инаку, се очекува дека филмот ќе открие голем број детали од животот на кралската двојка, но и многу детали за нивните несогласувања со останатите членови на кралското семејство, но и љубовната приказна на Меган и Хари.
Трејлерот веднаш предизвика голем интерес на социјалните мрежи, а твитерџиите се нетрпеливи и коментираат дека едвај очекуваат да ја слушнат приказната од перспектива на најскандалозниот пар во британското кралско семејство.
OMGGGGG FINALLY! SPEAK YOUR TRUTH MEGAN AND HARRY https://t.co/4xGCLXYX4v
-->— Ana 🦁 max world champ ⭐️ (@maxvcalloway) December 1, 2022
Б. С. Б. | Црнобело