Шакира по вторпат „уловена“ со згодниот тренер за сурфање – Дали пејачката е во врска со 21 година помлад дечко? (фото)
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
Тој ја фотографира со синовите, ѝ помага да се соблече, а нивните заеднички фотографии по вторпат завршија во светските таблоиди. Кој е новиот 21 година помлад инструктор за сурфање на Шакира со кого постојано ја фотографираат?
По разделбата со Жерар Пике, шпанските медиуми во чекор ја следат колумбиската пејачка Шакира, а фотографиите од неа завршуваат во светските таблоиди.
Се шпекулира дека 45-годишната поп-ѕвезда е во врска со нејзиниот 24-годишен инструктор по сурфање Горка Езкурдиа.
Откако за првпат беа фотографирани заедно во јули годинава, Шакира и згодниот инструктор деновиве повторно беа „уловени“ заедно на плажа, со што дополнително се засилија гласините дека помеѓу пејачката и згодниот инструктор има нешто повеќе од пријателство.
Шакира го помина денот на плажа во Шпанија заедно со синовите Милан (9) и Саша (7), каде заедно сурфаа и играа фудбал, а фотографиите на кои се гледа како инструкторот ги фотографира и ѝ помага на пејачката да го соблече костимот за сурфање, веднаш се проширија на социјалните медиуми.
Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат за тоа кој е 24-годишниот Горка Езкурдиа, па така El Tiempo пишува дека станува збор за фотограф и инструктор за сурфање со кого таа се познава долго време.
Се забележува дека на Инстаграм профилот на Горка може да се најдат фотографии со Шакира кои биле објавени уште во 2020-та година.