Пејачка од САД критикувана за стомачните на нејзините мали деца: „Зошто ги тера на напорни тренинзи?“

Американската пејачка Џеси Џејмс Декер се соочи со критики откако сподели фотографија на која се гледа дека нејзините мали деца имаат истакнати стомачни мускули. Некои сметаат дека Џеси ја фотошопирала фотката, а некои се убедени дека ги тера децата да одат на пренапорни тренинзи.

pejachka-od-sad-kritikuvana-za-stomachnite-na-nejzinite-mali-deca-ili-e-fotoshop-ili-gi-tera-da-vezhbaat-mnogu-naporno-01.jpg

Џеси Џејмс Декер е пејачка од САД и мајка на три деца – 8-годишната Вивиен, 7-годишниот Ерик и 4-годишниот Форест.

Неодамна, 34-годишната пејачка сподели фотографија од трите деца, но веднаш наиде на лавина критики.

На фотографијата, дечињата позираат во костими за капење и се гледа дека имаат изразени стомачни мускули.

Џеси, која има над 4 милиони следбеници на Инстаграм, доби многу критики во врска со мускулестите тела на нејзините деца.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie James Decker (@jessiejamesdecker)

Многумина сметаат дека е во ред децата да бидат во добра форма, но изразените стомачни сигурно се резултат на пренапорни тренинзи кои не се соодветни за нивна возраст.

Нормално, има и многу кои сметаат дека токму вака треба да изгледаат здравите деца.

„Ова е чудно. Уште почудно е што некои се восхитени“.

„Да се надеваме дека другите деца нема да почнат да мислат дека треба да изгледаат вака“.

„Се надевам дека нивната исхрана не е многу строга, па стомачните да се резултат на недостаток од масти…“

„Не треба да ги тераш децата да вежбаат толку многу. Немаш изговор за тоа“.

Некои, пак, се убедени дека Џеси ја фотошопирала фотката и им додала стомачни на децата.

„Бојата на средниот дел од телото е поразлична“.

По бројните критики, пејачката сподели видео на Инстаграм со цел да докаже дека фотографијата не е фотошопирана. Во описот, пак, таа истакнува дека не ги тера децата да вежбаат премногу.

„Кога ја споделив фотографијата од нашиот одмор на која децата се забавуваат и ги стегаат мускулите немав поим дека ќе ја добиев реакцијата што ја добив.

Но, тоа што сум обвинета дека фотошопирам стомачни на моите деца или дека ги терам да вежбаат многу, ме тера да сфатам колку е бизарен нашиот свет во врска со човечкото тело и она што е нормално, а што не.

Проповедаме за прифаќање на телото, но тоа што моите деца имаат добри гени и имаат мускулна маса од спортување е 'чудно'?“

Џеси вели и дека сака нејзините деца да бидат горди на нивните тела, и спомнува дека ќерката вежба гимнастика, синот Ерик игра фудбал, а другиот син Форест сака да танцува.

„Горда сум на моите деца и ги охрабрувам да ги живеат нивните соништа“.

По објавата, пејачката доби голема поддршка во коментари, а дел споделуваат дека тие самите или нивните деца имаат стомачни поради генетика или гимнастика.

„Јас имам стомачни откако знам за мене. Бев гимнастичарка и танчарка. Покрај тоа, постојано трчав надвор и возев велосипед. Смешно е што треба да се правдаш за ова“.

„Луѓето се чудни, Ќерка ми е гимнастичарка и има стомачни како татко ѝ. Ова се гени, напорна работа и здрава исхрана“.

„Луѓето се само љубоморни. Кога ќерка ти ќе освои златен медал нема да зборуваат“.

Што мислите, дали е вообичаено мали дечиња да имаат истакнати стомачни или тренинзите на децата се сепак пренапорни?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg