„Одбила милиони за секс снимка“ - Каде е денес асистентката на Дејвид Бекам, со која тој наводно имал афера?
- Детали
- недела, 27 ноември 2022
„Знае како да задоволи жена. Не се плаши од женското тело и е љубовник кој внимава на партнерката“ – со овие зборови, Ребека Лус го опиша Дејвид Бекам, во интервјуата во кои тврдеше дека тие двајца имале афера. Каде е денес најпознатата љубовница на фудбалерот?
Важат за еден од најскладните познати парови, но Дејвид и Викторија Бекам своевремено беа вклучени во одредени контроверзии и скандали.
Така, во една прилика низ таблоидите се провлекуваше приказната дека Викторија ја избркала дадилката затоа што објавувала приватни информации во медиумите, а во 2004-та година сите пишуваа за наводната афера што Дејвид ја имал со неговата тогашна асистентка Ребека Лус (45).
Во тој период Викторија и Дејвид ги отфрлија сите пишувања во медиумите и тврдеа дека се работи за лаги и невистини, но сепак и денес голем број нивни фанови се прашуваат што се случи со Ребека и каде е таа денес.
Ребека Лус била родена во Мадрид, Шпанија но добила холандско државјанство благодарение на нејзиниот татко Леонард Лус Бартолди, кој бил дипломат.
Таа исто така е братучетка на познатиот британски новинар Пирс Морган.
Ребека за првпат ѝ стана позната на јавноста откако почна да работи како лична асистентка на Дејвид Бекам, кој во тој период играше за ФК Реал Мадрид.
Таа работеше кратко време за фудбалерот, а потоа излезе со интервјуа во јавноста и тврдеше дека Дејвид е „прекрасен љубовник“ и дека „тие не можеле да ги тргнат рацете еден од друг“, дека брзо се вљубила во него и ѝ било скршено срцето откако тој решил да стави крај на аферата што траела 4 месеци.
Според неа, аферата започнала една вечер откако биле излезени со останатите колеги на Бекам од клубот во Мадрид и тие двајца се привлекувале еден со друг како магнети, по што тој ѝ предложил да си одат заедно во хотелот.
„Знае како да задоволи жена. Не се плаши од женското тело и е љубовник кој внимава на партнерката“ – рече во тоа време Ребека.
По тврдењата за аферите Ребека почна да добива нови понуди за работа. Беше хостеса во едно холандско ТВ шоу, се појави во голем број реално шоуа, меѓу кои и Celebrity Love Island и The X-Factor.
Во 2007-ма година таа дури беше дел и од шпанската верзија на реалното шоу Survivor, а потоа се фотографираше и за насловните страни на Playboy, FHM, Nuts итн.
Подоцна, во 2017-та година таа говореше во интервју за BBC каде откри дека откако го запознала Макс Клифорд, поранешен агент за познатите личности, тој ѝ понудил да излезе во јавност и да ја раскаже приказната, а дека ќе заработи големи пари.
Наводно, тој ѝ понудил 1 милион фунти, ако успее да достави експлицитна снимка.
Таа тврдеше дека славата што преку ноќ ја стекнала направила да се чувствува осамено, тажно и празно.
Во 2009-та година таа се пресели во Норвешка заедно со нејзиниот сопруг, докторот Свен Крајстијар Скаја, со кого доби две деца, Магнус и Лијам.
Освен тоа, во Норвешка таа во моментов работи како јога инструктор, а според нејзиниот Инстаграм профил денес живее среќен и исполнет живот.