Марк Ентони со 30 години помладата свршеница, Талија од Росалинда со смело деколте и шлиц – ѕвездите гламурозни на Latin Grammy наградите (фото)
- Детали
- петок, 18 ноември 2022
Кристина Агилера, Џорџина Родригез, Марк Ентони, Луис Фонси, Талиjа... Ова се само некои од познатите имиња што зачекорија на црвениот тепих на доделувањето на Latin Grammy Awards, а на дамите заштитен знак им беше високиот шлиц.
Џорџина Родригез на црвениот тепих зачекори во кафеава светкава тоалета со длабок шлиц и со разголени рамена.
Кристина Агилера го покажа бујното деколте во виолетова тоалета со долг плашт, а Марк Ентони на црвениот тепих се појави со 30 години помладата свршеница Надја Фереира.
На сцената се појави и мексиканската актерка и водителка Талија, која кај нашата публика е позната по улогата на Росалинда, во истоимената латино-американска ТВ серија.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело