Џенифер Анистон се отвори за проблемите со неплодноста: „Сакав да станам мајка, пробував со ин витро, но се откажав“
- Детали
- четврток, 10 ноември 2022
Џенифер Анистон првпат прозборе за проблемите со неплодноста и желбата да стане мајка, но и бројните озборувања во врска со тоа – пробала асистирано оплодување, пиела секакви лекови, но сега се помирила со фактот дека никогаш нема да има дете.
Уште од 2005 година, кога Џенифер Анистон и Бред Пит се разделија, во јавноста почнаа да се шират шпекулации дека причината за разводот е тоа што Анистон не сака да има деца.
Според бројните гласини, Бред Пит сакал да стане татко, но не и актерката, па затоа ја оставил за Анџелина Џоли.
Низ годините, Џенифер Анистон многупати беше и критикувана бидејќи нема деца, на што актерката секогаш изјавуваше дека се чувствува среќно и исполнето и без семејство.
Сега актерката првпат откри дека всушснот сакала да стане мајка, но имала проблеми со плодноста.
Во интервју за Allure, Џенифер зборува и за гласините кои ја прогонувале со години и нивното негативно влијание врз неа.
„Пробував да забременам. За мене тоа беше пат исполнет со предизвици. Сите години и години со шпекулации… Беше многу тешко. Пробав со асистирано оплодување, пиев кинески чаеви, правев сè.
Би дала сè за некој да ми речеше ’Замрзни си јајцеклетки. Направи си услуга‘. Но, едноставно не помислувате на вакви работи“.
По разделбата со Бред Пит, актерката беше обвинета дека ја одбрала нејзината кариера наместо да има деца.
„Сето тоа беа лаги, приказни дека сум себична… дека само се грижам за мојата кариера. И не дај Боже една жена да биде успешна, а да нема дете.
И дека причината зошто сопругот ме остави, зошто се разделивме и ставивме крај на бракот, била тоа што не сум сакала да му дадам дете“.
Во интервјуто Џенифер не открива кога пробувала да забремени со асистирано оплодување и само спомнува дека тоа било пред неколку години.
Сепак, актерката истакнува дека сега, на 53-годишна возраст, се чувствува задоволно и исполнето, најмногу бидејќи повеќе не мора да се грижи дали ќе стане мајка.
„Еве ме денес. Тој брод отплови. Всушснот, чувствувам олеснување бидејќи веќе не се прашувам ’Можам ли?‘ Повеќе не мора да мислам на тоа“.
„Би рекла дека во доцните 30-ти, 40-ти, поминав низ многу тежок период. И ако не поминев низ тоа, немаше да станам личноста којашто треба.
Затоа сум благодарна за сите лоши работи. Во спротивно, ќе бев заглавена како личност која е исплашена, нервозна, несигурна.
И сега, воопшто не ми е грижа. Се чувствувам многу добро, подобро отколку што се чувствував во 20-тите, 30-тите, па дури и 40-тите“.
Актерката вели и дека ги криела проблемите со неплодноста бидејќи сакала дел од нејзиниот живот да биде приватен и да се заштити.
„Поминав многу години криејќи ја мојата приказна за асистираното оплодување. Многу сум заштитнички настроена кон ова бидејќи чувствувам дека можам да чувам многу малку работи за мене.
Светот создава приказни кои се лажни, па изгледа подобро е да ја кажам вистината. Се чувствувам како да се будам од хибернација. Немам што да кријам“.
Ова не е првпат актерката да зборува за критиките од јавноста за фактот што нема дете. Во 2021 година, таа речиси откри дека има проблеми со плодноста, изјавувајќи дека гласините и озборувањата се „одвратни“ и „болни“.
„Не знаете што се случува со мене лично, медицински, зошто не можам… дали можам да имам деца. Не знаете ништо“, изјави актерката во интервју за The Hollywood Reporter.
Претходно, во 2016 година, таа напиша и есеј за Huffington Post изјавувајќи го својот револт кон озборувањата.
„Да знаете дека не сум бремена. Но, преку глава ми е. Еве што мислам за оваа тема: Можеме да бидеме комплетирани со или без партнер, со или без дете.
Ние самите одлучуваме што е убаво за нас кога станува збор за нашите тела. Таа одлука е наша и само наша. Не треба да бидеме во брак или да имаме деца за да бидеме комплетирани.
Изморена сум од овие приказни. Да, можеби еден ден ќе станам мајка, и штом го кажав ова, јас самата ќе ви кажам. Но, сега не трагам по мајчинство бидејќи не се чувствувам неисполнето“.
Спирова С. | Црнобело