Има социјална анксиозност и панични напади, беше во врска со Џесика Бил – кој е Крис Еванс, најсекси мажот за 2022-ра според People?
Крис Еванс е будист
Родителите на актерот имаат ирско и италијанско потекло, па тој бил одгледан како католик.
Сепак, актерот има откриено дека родителите никогаш не му ја наметнувале религијата, па самиот почнал да истражува.
Тој почнал да покажува интерес за источните религии и филозофии во тинејџерските години.
„Открив цела религија која опишуваше како се чувствував. Тогаш само си помислив: Па јас сум Будист!“
Оди на терапија за проблемите со анксиозноста
Веќе спомнавме дека актерот имал проблеми со анксиозност кога ја добил понудата за улогата на Капетан Америка.
Откако ја прифатил, тој првпат отишол на терапија, а вели дека сега оди кај психијатар секогаш кога ќе му се укаже можност.
Интересно е што токму огромната популарност му помага полесно да се справи со анксиозноста бидејќи го присилила да се соочи со неговиот најголем страв – многу луѓе и нивното внимание.
„Анксиозноста ве тера да живеете настрана од сегашноста – го анализирате минатото и се грижите за иднината. Па, по повеќе од десет години снимајќи ги филмовите за Марвел, бев присилен да се појавувам на сцена и сфатив дека сите стравови што сум ги имал, воопшто не се оствариле.
Па, дури и да се оствариле, кога ќе одлучам да не се фокусирам на нив, тие исчезнуваат“.
Опседнат е со цртаните филмови на Дизни
Актерот вели дека уште од детството е огромен фан на Дизни, а ја користи секоја можност да го однесе семејството во Дизниленд.
Тој има откриено и дека напамет ги знае сите песни од цртаниот филм The Little Mermaid.
Кога првпат имал секс, веднаш ѝ кажал на мајка му
Додека повеќето кријат од родителите дека го имале првиот секс, Крис Еванс своеволно ѝ кажал на мајка си.
„Моето семејство отсекогаш било отворено за многу работи. Кога првпат имав секс, истрчав дома и реков: ’Не знам што правев, а ама мислам дека имав секс!'“
Неговата мајка, пак, има изјавено дека ѝ е навистина мило што има толку блиска врска со синот.
Има глумено во повеќе филмови со суперхерои од кој било друг актер
Крис Еванс се има појавено во над 16 филмови со суперхерои, инспирирани од стрипови.
Во 10-тина од нив го глуми Капетан Америка, два се од неуспешниот серијал Fantastic Four, а исто така го позајмуваше гласот во анимиран филм за Teenage Mutant Ninja Turtles.
Сингл е, но сака да си најде сопруга и да има деца
Последно актерот имаше сериозна врска со комичарката Џени Слејт, но се разделија во 2018 година. Претходно, тој беше во врска со Џесика Бил, а беше поврзуван и со Кристина Ричи и Лили Џејмс.
По разделбата со комичарката, актерот вели дека е сингл, но навистина сака да стапи во брак.
„Фокусиран сум да најдам партнерка, личност со којашто ќе сакам да живеам. Си ја сакам работата и вложувам многу во неа. Но сакам и да најдам личност во којашто ќе вложам многу“.
Актерот истакнува и дека многу сака да стане родител:
„Многу сакам да имам деца. Сакам домашни обврски. Сакам сопруга. Сакам деца. Сакам да правиме фенери од тикви за Ноќта на вештерките, да украсуваме за Божиќ и такви работи“.
Спирова С. | Црнобело