Има социјална анксиозност и панични напади, беше во врска со Џесика Бил – кој е Крис Еванс, најсекси мажот за 2022-ра според People?
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
Двапати ја одбил улогата што го направи светски познат, вели дека едвај чека да стапи во брак и да има деца, но и дека славата го натерала да се соочи со неговите најголеми стравови, и така полесно да се справи со анксиозноста – што знаеме за најсекси мажот за 2022 година?
Крис Еванс, за многумина попознат како Капетан Америка, е избран за најсекси маж за 2022 година од страна на магазинот People.
41-годишниот актер вели дека уште се привикнува на новата титула, а на шега изјави:
„Мајка ми ќе биде многу среќна. Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто за коешто навистина ќе може да се фали“.
Актерот, кој е познат по својата скромност, во интервјуто за People вели дека навистина му е непријатно да зборува за новата титула и се чувствува како да се фали.
Уште минатата година, фановите беа сигурни дека Крис Еванс ќе ја понесе титула за најсекси маж, но лани магазинот People го избра Пол Рад.
Крис Еванс не е во брак и наводно е сингл уште од 2018 година, но вели дека покрај актерската кариера, сега сака да се фокусира и на тоа да најде партнерка.
Актерот и навистина сака деца, па се надева дека наскоро ќе му се исполни желбата.
Па, кој е Крис Еванс и што знаеме за неговата кариера, но и приватниот живот?
Првата улога ја доби во 1997 година
Актерот учествувал во многу училишни претстави, како и аматерски претстави, но официјално ја започна актерската кариера во 1997 година. Тогаш актерот се појави во краток едукативен филм насловен Biodiverstiry: Wild About Life.
Актерот имаше 16 години, а не доби нова улога сè до 2000 година, кога се појави во мини-серијата Opposite Sex.
И неговиот помал брат е актер
Иако популарноста на Крис не се ни споредува со онаа на брат му Скот, сепак и тој е актер.
Тој има добивано помали улоги во серии како Law and Order, а последно се појави во серија на Нетфликс – Grace and Frankie.
Се појави во еден од најлошите филмови на Марвел
Пред улогата што го направи светски познат, Крис Еванс се појави во филмот Fantastic Four направен според стриповите на Марвел.
Филмот, во кој глумеше и Џесика Алба, речиси веднаш доби лоши критики и од публиката, и од критичарите.
Потоа, во 2007 година, актерот се појави и во второто продолжение од филмот, кое исто така се соочи со многу лоши критики.
Двапати ја одбил улогата за Капетан Америка
Актерот првпат го глумеше Капетан Америка во 2011 година, во филмот Captain America: The First Avenger.
Но, тогаш не ни бил свесен каква популарност ќе стекне со оваа улога.
Во 2019 година, актерот откри дека дури двапати ја одбил улогата. Покрај лошото искуство со Fantastic Four, во периодот кога му ја понудиле улогата тој имал и сериозни проблеми со панични напади и социјална анксиозност.
„Понудата за улогата за мене беше најголемото искушение. Ова беше најголемата понуда за работа. Следниот ден откако ја одбив улогата, се чувствував многу добро, и тоа двапати“.
Сепак, Роберт Дауни Џуниор, кој го глуми Iron Man, решил да не дозволи актерот да се откаже и го убедил да ја прифати улогата.