Шер (76) ја потврди врската со 40 години помладиот дечко – фановите загрижени дека ја искористува
- Детали
- понеделник, 07 ноември 2022
Откако Шер (76) ја потврди врската со 36-годишниот Александер Едвардс, фановите ја изразија нивната загриженост дека тој ја искористува – претходно Александер беше во врска со Амбер Роуз и ја изневерил со најмалку 12 жени, а изјави дека „неверството му е во крвта“.
Откако неколкупати беа забележани заедно во јавност, Шер ја потврди врската со 40 години помладиот дечко – музичкиот продуцент Александер Едвардс.
На 6-ти ноември познатата пејачка сподели фотографија од Александер на Твитер, а во коментарите на објавата потврди дека се пар.
Alexander♥️ pic.twitter.com/o8tH1F0Th6
— Cher (@cher) November 6, 2022
Шер има 76 години, а Александер 36, но познатата пејачка истакнува дека „љубовта не знае за математика“. Таа тврди и дека Александер ја третира како кралица.
Голем дел од твитерџиите сметаат дека возрасната разлика е сепак преголема:
„Би било наивно да не се запрашате за намерите на 36-годишното момче. Шер е паметна девојка, но не залудно велат дека љубовта е слепа“, гласи еден коментар.
На ова, Шер одговори:
„Зарем немаш попаметна работа? Да ви објаснам… не ми е гајле што мислите“.
По лавината негативни коментари, пејачката напиша уште една објава на Твитер, истакнувајќи дека нема да пробува да ја брани новата врска, ниту дека некој треба да се грижи дали се среќни или не.
36-годишниот Александер е најпознат како бивш партнер на Амбер Роуз – поранешната девојка на Канје Вест.
Кратко откако се разделија, Амбер откри дека Александер ја изневерил со најмалку 12 жени, а подоцна и самиот го призна тоа. Тогаш Александер изјави дека изневерувањето било во неговата крв.
Ова е уште една причина зошто фановите се загрижени за новата врска на Шер. Но, таа вели дека е „вљубена, а не слепа“.
Според пејачката, таа и новото момче се запознале на Модната недела во Париз.
Зад себе Шер има два брака, а не е првпат да биде во врска со многу помлад маж.
Таа беше во врска со Рон Зимерман, кој е 12 години помлад од неа. Потоа беше во врска со Том Круз кога актерот имаше 23, а таа 38 години. Таа беше во врска и со Ричи Самбора кој е 13 години помлад од неа.
Шер има две деца – синот Чаз Боно (53) кој го доби со поранешниот сопруг Сони Боно, како и синот Илајџа Блу Алман (46) од бракот со вториот сопруг – Грег Алман.
Првиот син, Чаз, беше роден како девојче, но подоцна си го промени полот.
Спирова С. | Црнобело