Ѝ паѓала косата поради режисерот кој ја малтретирал, мисли дека измислен лик сака да ја убие – трагичната приказна на актерката Шели Дувал
Никој не знаеше каде е Шели Дувал или што прави сè до 2016 година, кога направи вознемирувачки интервју со американскиот водител познат како доктор Фил.
Во интервјуто, водителот ја прашува Шели за нејзиното здравје, на што таа одговара:
„Ако речам дека сум здрава, првото нешто што ќе ми го направат вечер е да ме повредат. Понекогаш можам да бидам и среќна, кога ќе сфатам дека нешто е прекрасно, како фактот дека животните се свесни“.
Актерката зборува и дека некој сака да ја повреди, па дури и да ја убие. Водителот, пак, ја прашува за која личност станува збор, по што таа вели:
„Не знам. Ако знаев ќе ти го кажев неговото име и ќе ти речев да го убиеш. Ужасен е“.
Актерката зборуваше и за колегата Робин Вилијамс:
„Си поминав одлично на сетот. Беше многу забавно. Го сакав Робин, многу беше забавно да се работи со него. Тој ги смислуваше најдобрите шеги.
Но, не верувам дека изврши самоубиство и дека е мртов, мислам дека може да си ја менува формата“.
Актерката и јасно кажува дека „е многу болна и дека ѝ треба помош“, по што водителот ѝ вели дека сака да ѝ помогне.
„Се надевам дека ќе можам да застанам на нозе, дека ќе ги видам луѓето од филмската индустрија на кои им се восхитувам. Ми недостасува мојата канцеларија. Ми недостасува работењето.
Само сакам да правам добри шоуа. Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе. Исплашена сум. Секако дека сум исплашена“.
По интервјуто, водителот откри дека ја однел актерката во ментална установа со нејзина согласност, но потоа таа се премислила.
„По три дена, Шели уште одбива да ги пие лековите и не сака да потпише согласност да биде лекувана.
Со задоволство ве известувам дека соработуваме директно со мајката на Шели и таа добива третман од група локални професионалци кои, поради нејзиното одбивање да пие лекови, ќе користат алтернативни методи. Се надеваме дека оваа приказна ќе има среќен крај“, сподели тој.
Интервјуто се соочи со многу критики и јавноста истакна дека водителот ја злоупотребил лошата ментална состојба на актерката за гледаност на неговото шоу.
На ова се огласи и ќерката на Стенли Кјубрик, која веднаш по интервјуто отвори страница на Go Fund Me со цел да собере пари за актерката.
Сепак, по сè изгледа нештата почнуваат да стануваат подобри за 73-годишната Шели Дувал. По 20 години, таа доби улога во хорор-филмот The Forest Hills и изгледа многу подобро и поздраво отколку во интервјуто од 2016 година.
Спирова С. | Црнобело