Амбер Херд повеќе не се крие во Шпанија – купува алкохол во Лондон со ќерката Уна и непозната жена (фото)
- Детали
- четврток, 27 октомври 2022
По неколкуте месеци поминати во криење во Шпанија со псевдоним, Амбер Херд е во Лондон, каде што беше забележана во друштво на непозната жена. Иако актерката изјави дека повеќе не сака да размислува за Џони Деп и судењето, изворите тврдат дека поднела жалба против пресудата да му плати 10 милиони долари на актерот.
Изминативе неколку месеци Амбер Херд се криеше во мало гратче на островот Мајорка. Според некои локалци, актерката користела псевдоним и најверојатно живеела со поранешната девојка – кинематографката Бјанка Бути.
Откако го изгуби спорот со Џони Деп, Амбер изјави дека ќе се посвети на мајчинството и дека сака да се оддалечи од скандалите со поранешниот сопруг.
Но, изгледа Амбер одлучила дека е време да престане со криењето и моментално се наоѓа во Лондон.
36-годишната актерка беше забележана во Лондон во друштво на непозната жена, како и нејзината ќерка Уна.
Двете жени и 1-годишното девојче шетаа низ лондонските улици, а потоа влегоа во продавница за алкохол каде што Амбер беше фотографирана со шише вино, а надвор ја нахрани ќерката.
Пред да се скрие во Шпанија, Амбер изјави дека сака да ги заборави Џони Деп и судењето.
„Сакам да продолжам со мојот живот. Имам бебе. Сакам да го заборавам сето ова, а го посакувам истото и за Џони“.
Сепак, се чини дека Амбер уште не се помирува со одлуката на судиите да му исплати 10 милиони на Џони Деп.
Неодамна таа поднела жалба тврдејќи дека Џони Деп „ја лажеше поротата и немаше доволно цврсти докази за таа да биде обвинета“.
Исто така, не е познато во каков однос е сега со бившата девојка со којашто живееше во Шпанија, ниту дали жената на новите фотографии е нејзина партнерка, асистентка или дадилка.
Повеќе фотки од Амбер во Лондон:
Спирова С. | Црнобело