„Дојде со еден куп асистенти, сега живее само со бившата девојка“ – Амбер Херд се крие во мало гратче во Шпанија и користи псевдоним (фото)
- Детали
- петок, 14 октомври 2022
„Зборува шпански јазик со мексикански акцент и е многу љубезна, секогаш ни вели ‘добро утро’. Сите ја третираат како да е нов жител на градот“ – вели еден од жителите на малото гратче на островот Мајорка, каде Амбер Херд се крие во последните неколку месеци.
По завршувањето на судењето со Џони Деп, се чини дека светот се подели на два тима, оној што застана на страната на актерот и оној што застана на страната на Амбер (во многу помал број), а актерката во последните неколку месеци нашла засолниште во мало шпанско гратче, каде ужива во луксуз.
Поминаа повеќе месеци од завршувањето на судењето помеѓу Амбер Херд (36) и Џони Деп (59), во кој актерката загуби и ѝ беше наредено да му исплати отштета во износ од 10 милиони долари, а сега светските медиуми пишуваат дека поранешната сопруга на познатиот актер поднела жалба на пресудата.
Адвокатите на Амбер тврдат дека во рамки на судењето немало јасни и убедливи докази дека таа имала намера да му наштети на актерот со статијата објавена во Washington Post во која тврдеше дека била жртва на семејно насилство.
Во меѓувреме, додека адвокатите се подготвуваат за нова битка, Амбер е топ тема во шпанските медиуми. Според пишувањата, Амбер во моментов се скрила во гратчето Костикс на Мајорка каде има помалку од 1.270 жители.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“ пишува дека Амбер живее во луксузна вила, што до неодамна се продавала по цена од 2,8 милиони евра, а сега палатата е во сопственост на извесна Марта Џејн Канари.
Интересно, но според шпанските медиуми, актерката најверојатно го користи овој псевдоним, а Марта Џејн Канари е вистинското име на легендата од Дивиот Запад, Каламити Џејн.
„Таа е само како уште еден жител на градот, зборува шпански јазик со мексикански акцент и е многу љубезна, секогаш ни вели ‘добро утро’. Сите ја третираат како да е нов жител на градот; всушност таа живее овде со месеци без никој да знае. Веднаш ја препознавме која е, но не ѝ рековме ништо, не сакаме да вознемируваме никого и не ги вознемируваме луѓето што доаѓаат“ – вели жител на градот за шпански El Mundo.
https://twitter.com/JosephMorrisYT/status/1578844867018780672
Според изјавите на жителите, Амбер живее во луксузна вила во историскиот дел од градот што била изградена во 2020-та година и која според мештаните видно се издвојува од другите градби во тој дел од градот.
Тие велат дека актерката во малото гратче дошла при крајот на судењето со Џони Деп и на почетокот ја придружувале голем број асистенти, а потоа останала само со 1-годишната ќерка и поранешната девојка, кинематографката Бјанка Бути.
Деновиве, на социјалните мрежи редовно се споделуваат фотографии од Амбер додека се шета со ќеркичката низ Шпанија, а нејзиното присуство едноставно не поминува незабележано.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело