Србинката Нина Сеничар со сопругот на црвен тепих во Холивуд – ја засени и Амал Клуни во смела црвена тоалета со скриени џебови (фото)
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
Српската водителка се појави на настан на кој присуствуваа голем број познати ѕвезди, а блесна во црвена тоалета со необичен детаљ – зошто сите погледи беа вперени во Нина Сеничар на црвениот тепих на Academy Museum Gala?
Актерот Џеј Елис во моментов е актуелен заради улогата во филмот Top Gun: Maverick каде играше заедно со Том Круз, а деновиве се појави на црвен тепих заедно со својата сопруга, Србинката Нина Сеничар која блесна во елегантно издание.
Синоќа, Нина го придружуваше сопругот на црвениот тепих на Academy Museum Gala, настан во Лос Анџелес на кој присуствуваа голем број познати личности, меѓу кои и Џулија Робертс, Оливија Вајлд, Ребел Вилсон и Џорџ и Амал Клуни.
Нина носеше долга црвена тоалета со впечатлива голема панделка и џебови, а нејзиниот стајлинг во голема мера потсетуваше на оној на дамите од „златната доба“ на Холивуд.
Српската водителка и модел Нина Сеничар (36) во јули годинава стапи во брак со своето долгогодишно момче актерот Џеј Елис (40), а фотографиите од нивната магична свадба во Тоскана, Италија се најдоа во сите светски медиуми.
Прочитајте и Србинката Нина Сеничар се омажи за познат холивудски актер – се плашел дека невестата ќе го остави пред олтар, чекале 3 години за свадба (фото)
Погледнете уште неколку фотографии од црвениот тепих:
Б. С. Б. | Црнобело