„Новата девојка ќе му го даде тоа што Шакира не сакаше“ – нови шпекулации за разделбата на Пике и Шакира
- Детали
- недела, 16 октомври 2022
Ако помислувате на свадба – тогаш се лажете. Сите знаат дека Пике и Шакира долги години беа заедно, но никогаш не застанаа пред олтар, но не е бракот тоа што фудбалерот го сакал, а Шакира не сакала да му го даде. За што станува збор?
Шпанскиот фудбалер Жерар Пике (35) веќе не ја крие врската со новата девојка Клара Чиа (23), па во изминатиот период тие двајца беа фотографирани заедно во повеќе наврати, а сега медиумите шпекулираат дека новата девојка најверојатно ќе му го даде она што тој го посакувал, но поранешната партнерка не сакала да прифати.
Прочитајте и Пике веќе не ја крие новата девојка – ја запозна со синовите, се возат на тротинети низ Париз (фото)
Според шпанскиот новинар Жорди Мартин, кој беше меѓу првите што ги објави информациите за разделбата и неверството на Пике уште пред и официјално парот да излезе со соопштение, Пике и Клара Чиа се мошне сериозни во врската и веќе размислуваат да станат родители.
Според него оваа одлука многу ќе ја налути Шакира (45), затоа што во минатото тие двајца разговарале да имаат заедно трето дете, но таа не сакала да прифати и тие двајца долго време не можеле да постигнат согласност на таа тема.
„Жерар е убеден дека сака да имаме три деца, но јас сакам две, па сега преговараме“ – рече во 2014-та година Шакира.
Сепак, иако пејачката била непоколеблива во однос на одлуката дека не сака да има повеќе деца, Пике и натаму во медиумите изјавуваше дека би сакал да стане татко и по третпат.
„Отсекогаш сум сакал да имам 3 деца. Ако имам трето дете ќе бидам пресреќен“ – рече во една прилика Жерар Пике во 2016-та година.
Шпанските медиуми пак, сега велат дека Пике веќе се пофалил на најблиските пријатели дека е мошне вљубен во новата девојка и оти се надева дека наскоро ќе имаат дете, па така ќе му се исполни желбата да стане татко по третпат.
Во меѓувреме пејачката на својот Инстаграм профил објави црно-бело видео во кое ја пее својата најнова песна Monotonia. Се вели дека најголем број од песните се инспирирани од нејзината разделба со долгогодишниот партнер.
Прочитајте и Шакира првпат прозборе за разделбата со Пике: „Ова е најмрачниот период од мојот живот, ја жртвував кариерата за него“
Б. С. Б. | Црнобело