Како ќе изгледаат славните ако ги променат карактеристиките во изгледот по кои се препознатливи? (фото)
- Детали
- сабота, 15 октомври 2022
Следните фото-споредби покажуваат колку малите детали прават голема разлика и целосно го менуваат изгледот на лицето, а погледнете како ќе изгледаат познатите личности ако одлучат да ги променат малите детали на лицето по коишто се препознатливи.
Некои се препознатливи по несовршеностите што одбиваат да ги коригираат, други по впечатливата шминка или фризура. Како ќе изгледаа славните личности ако ги направеа корекциите што некои луѓе им препорачуваат дека треба да ги направат?
Ванеса Паради
Француската пејачка е препознатлива по разделените предни заби. Погледнете како ќе изгледа ако одлучи да направи корекции.
Гвен Стефани
Гвен Стефани е препознатлива по тоа што секогаш носи впечатлив црвен кармин и впечатлива шминка на очите. Ако ѝ ја избришете шминката ќе сфатите дека таа е подеднакво убава.
Камерон Дијаз
Позната е по тоа што одбива да направи естетски корекции. Погледнете како ќе изгледа Камерон ако стави ботокс на усните и на брчките околу очите.
Принц Хари
Препознатлив е по црвената коса. Погледнете како ќе изгледа британскиот принц ако некогаш одлучи да ја офарба косата во потемна нијанса.
Сара Џесика Паркер
Погледнете како ќе изгледаше ѕвездата на „Сексот и градот“ ако во минатото одлучеше да направи операција на носот.
Том Селек
Повозрасните го помнат холивудскиот актер по мустаќите. Еве како ќе изгледа ако одлучи да се избричи.