Какви родители се Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли - тој менува пелени со насмевка, децата ги кријат од новинари
- Детали
- понеделник, 10 октомври 2022
„Не ми претставува проблем и ако треба да станам петпати во текот на ноќта и да менувам пелени“ – рече во една прилика Рајан Рејнолдс. Тој и Блејк Лајвли не сакаат да вработат дадилки, сами се грижат за децата, а во нивниот дом важат неколку строги правила. Кои се тие?
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс важат за еден од најскладните парови во Холивуд, а неодамна соопштија дека го очекуваат и своето четврто дете.
Парот кој е во брак од 2012-та година имаат 3 ќерки, а се надеваат дека четвртото дете ќе биде момче.
За многумина е чудно тоа што парот иако има милиони, одлучил да не вработува дадилки, а во нивниот дом важат неколку строги правила за одгледување на децата до кои се придржуваат. Кои се тие?
Не снимаат филмови истовремено
Со оглед на тоа што и двајцата се успешни актери, тоа значи дека Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс постојано снимаат, промовираат и се појавуваат на филмски премиери на нови филмови, но со оглед на тоа што се родители на 3 деца, тие поставиле строго правило дека нема да има преклопување во нивните распореди.
Додека едниот работи на филм, другиот останува дома да се грижи за децата.
„Не дозволуваме нашите распореди да се преклопат. Мошне сме свесни дека сакаме да бидеме присутни како родители. И двајцата доаѓаме од големи семејства и сакаме да создадеме среќна средина за нашите деца“ – рекоа тие во една прилика.
Секогаш патуваат заедно
Уште едно правило што важи во нивното семејство е дека кога еден од актерите патува некаде на снимање, тогаш и целото семејство доаѓа заедно со него.
Кога еден од актерите ќе си дојде дома по напорен ден од снимање, тука е целото семејство за да му даде поддршка и може да поминуваат време заедно.
„Сметам дека најдобриот дел е тоа што не поминуваме многу време одвоени. Секогаш имам можност да поминувам многу време со моите девојки“ – рече во една прилика Рејнолдс.