Какви родители се Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли - тој менува пелени со насмевка, децата ги кријат од новинари
Ликовите од филмовите остануваат само на филм
За разлика од ликовите што ги глуми во филмовите Рајан Рејнолдс тврди дека е многу нежен и љубезен кон членовите на неговото семејство. Тој вели дека иако во филмовите користи пцости и непримерен говор, дома се труди колку може повеќе да биде културен.
Како што вели, се труди дури и за време на снимањето да не употребува непристоен говор, затоа што неговите деца честопати доаѓаат да го гледаат додека снима.
Рајан признава дека не му пречи да менува пелени
За разлика од голем број татковци што грижата за децата во целост им ја препуштаат на мајките Рајан Рејнолдс во една прилика откри дека воопшто не му пречи и ако треба петпати да стане во една ноќ.
„Не ми претставува проблем и ако треба да станам петпати во текот на ноќта и да менувам пелени, па дури и кога сум мошне истоштен сѐ уште имам насмевка на лицето“ – рече тој и додаде дека мошне му се допаѓа тоа што е татко и дека нема потреба од дадилки.
Сака да биде подобар татко од татко му
Во една прилика Рајан откри дека додека растел имал мошне лош однос со татко му кој имал преголеми очекувања за него. Иако татко му е починат, Рајан вели дека сѐ уште има потреба да се докаже пред него:
„Тоа ме следеше додека ја градев кариерата и постојано имав ненадминлива желба за докажување. Татко ми е починат со години, но не можам да се ослободам од влијанието“ – рече тој.
EXCLUSIVE: Ryan Reynolds on losing his dad after a complicated relationship https://t.co/qxkYM8qVTL pic.twitter.com/REioYciGrg
— People (@people) February 10, 2016
Децата треба да имаат што е можно понормален живот
Неодамна кога беа објавени вестите дека Блејк Лајвли е бремена по четврти пат таа објави албум со труднички фотографии за да ги избрка папараците што чекаа пред нејзиниот дом. Парот е познат по тоа што се обидува колку е можно повеќе да не ги изложува своите три деца во медиумите.
„Мојот сопруг и јас ги избравме нашите професии чија последица е тоа што нашите животи се јавни. Нашето дете немало можност да избере дали сака неговиот приватен живот да биде приватен или не“ – рече Блејк во една прилика.
Тука се бабите и дедовците
Освен што има максимална поддршка од Рајан, Блејк во една прилика призна дека има огромна поддршка од нејзините родители кои ѝ помагаат во одгледувањето на децата.
„Моите родители се дадилки! Тие најдобро се грижат за децата , одгледале пет деца и знаат што прават“ – рече во една прилика актерката.
Б. С. Б. | Црнобело