Дејвид Бекам се вмеша во јавните „препукувања“ помеѓу Викторија Бекам и Никола Пелц: „Доста е!“
- Детали
- петок, 30 септември 2022
„Знаеш дека не го правиме ова во нашето семејство. Што ќе се случи понатаму зависи од тебе, но нам ни е доста од драмата“ – Дејвид Бекам веќе го загубил трпението со Бруклин и Никола и му порачал на синот да престанат со јавните интервјуа во кои ја обвинуваат Викторија.
Со месеци наназад медиумите пишуваат за војната помеѓу Викторија Бекам и нејзината снаа за синот Бруклин, Никола Пелц Бекам, а најновиот член на Бекамови ја користи секоја можност да зборува јавно за конфликтот со свекрвата.
Никола Пелц Бекам претходно даде интервју за магазинот Grazia каде уште еднаш отворено говореше за тоа како наводно Викторија Бекам почнала да ја избегнува откако не успеала да ѝ ја дизајнира венчаницата и дека оттаму почнале сите расправии, а Бруклин престанал да го гледа сопственото семејство.
Прочитајте и „Никој не знаеше која е додека не се омажи за Бруклин“ - Викторија Бекам гневна што снаата сака да гради слава на нивна сметка
Освен што се појавува во медиуми, Никола објавува и фотографии на социјалните мрежи што многумина ги толкуваат како директен удар за Викторија, во кои Бруклин се прегрнува со членовите на нејзиното семејство, па така последна е фотографијата од Париз на која Бруклин ја прегрнува мајката на Никола.
„Ја сакам мајка ми“ - напиша Никола до фотографијата.
Според британските медиуми, познатиот фудбалер Дејвид Бекам веќе се презаситил од медиумската војна што со месеци се провлекува па одлучил да „пресече“ и да ги вразуми својата сопруга и снаата.
Според Daily Mail, кој се повикува на извори блиски до Бекамови, Дејвид е разочаран затоа што неговиот син заборавил дека тој е Бекам и го споредуваат со она што Хари го приредува во кралското семејство.
„Дејвид беше вознемирен од интервјуто во Grazia затоа што изгледаше дека нечистите алишта на семејството беа изнесени во јавност, и според него, тоа ги повредува и браќата на Бруклин, Ромео и Круз“ – се вели во статијата.
Според медиумот, ова било првпат Дејвид да го загуби трпението со Бруклин и да се скара со него, па му рекол:
„Знаеш дека не го правиме ова во нашето семејство. Што ќе се случи понатаму зависи од тебе, но нам ни е доста од драмата.“
По ова Викторија упатила покана до Бруклин и Никола да се појават на нејзината модна ревија во Париз, а дали семејството конечно ќе се обедини по неколкумесечните јавни препукувања, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело