Скандали, долгови, рак: Каде се и што прават денес актерите од омилената серија „Беверли Хилс“?
Како што беше луда девојка во Беверли Хилс, Тори Спелинг е позната и по своите луди моменти и во приватниот живот и пред јавноста.
https://www.instagram.com/p/Cgc-ZEyPqm7/
Во едно интервју самата актерка изјави дека тоа што е таа денес е само едно продолжение на ликот на Дона Мартин од Беверли Хилс.
Низ годините, по серијата, Тори се има вклучено во неколку реални шоуа, а воедно и во неколку серии со помали улоги. Таа е во брак со Дин МекДермот, со кого има пет деца.
Во неколку наврати нивниот брак беше ставен под лупа од страна на јавноста, поради многуте гласини за неверства, долгови, физичко злоставување. Моментално, парот се разведува.
Срцекршачот Иан Зиринг познат во серијата како Стив Сендерс, беше во брак со Плејбој моделот Ники Шилер од 1997 до 2002 година.
Иан повторно се ожени во 2010 година, со Ерин Лудвиг, со која има две мали ќерки. Парот се разведе во 2019 година.
Покрај тоа што глуми во неколку нискобуџетно научно-фантастични филмови, Иан е најпознат по тоа што работеше како стриптизер (односно танчар) во познатата компанија во Лас Вегас, Chippendales.
Најмладиот во серијата беше Дејвид Силвер, глумен од актерот Брајан Остин Грин. Неговиот лик се бореше со низа зависности, а најпозната му беше врската со Дона.
Неодамнешните проекти на Дејвид се: Dancing with the Stars, Anger Management и епизода од Magnum P.I., но највозбудлив е неговиот приватен живот.
Дејвид има три сина со поранешната сопруга и позната актерка Меган Фокс, а има и син со поранешната девојка Ванеса Марсил.
Во февруари 2022 година, тој објави дека очекува дете со девојката Шарна Бурџис. Парот го пречека на свет синот Зејн на 28 јуни оваа година.
И за крај, учтивата и паметната Андреа Зукерман донесена во живот преку актерката Габриеле Картерис.
Во изминатите години Габриеле е вклучена во неколку организации за човекови права, а најмногу ја подигнува свеста и се спротивставува на нефер разликите во Холивуд. Габриеле зад себе има многу гласовни улоги за видео игри и цртани филмови, а воедно е и активна во светот на творештвото.
Има напишано една добропозната колумна за Холивуд Репортер во која повика да се отстранат годините од кастинг-страниците како што е IMDb, потенцирајќи дека овој проблем постои за сите изведувачи, но најмногу за жените“, напиша поранешниот претседател на SAG-AFTRA.
Во брак е повеќе од 30 години и има две ќерки.
И покрај тоа што беа како едно големо семејство, актерите се дружат и во приватниот живот. На нивните Инстаграм профили често објавуваат слики од собиранки и разни проекти.
Дел од нив:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
К. А. | Црнобело