Први фотки од најстарото дете на Илон Маск, откако си го промени полот во женски и се откажа од татко ѝ

Вивиен е најстарото дете на Илон Маск и неодамна не само што си го промени полот во женски, туку се откажа и од татко ѝ. Сега таа беше првпат забележана во јавност по големите животни промени.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko01.jpg

Во јуни годинава, најстарото дете на Илон Маск одлучи да си го промени полот.

18-годишната Вивиен, која е родена како момче и беше позната како Егзавиер Маск, си ги промени и името и презимето бидејќи не сака да биде поврзувана со татко ѝ. 

Сега таа го користи името Вивиен Џена Вилсон, откако судот ѝ дозволи легално да се откаже од татко ѝ, но и легално да си го промени полот во женски.

Вивиен има брат близнак – Грифин – и тие се најстарите деца на милијардерот. Нивната мајка е Џастин Вилсон, па сега Вивиен го користи нејзиното презиме.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-02.jpg

Неодамна Вивиен беше забележана во јавност првпат откако го промени полот.

Иако Илон Маск самиот има споделено фотки од неговите најмали деца, вистинска реткост е да ги видиме постарите.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-03.jpg

Вивиен одеше на шопинг, во лежерно издание со панталони и маичка, а носеше и заштитна маска.

Интересно е што кога заврши со купувањето, влезе во Tesla автомобил – марката автомобили што го направија татко ѝ милијардер.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-05.jpg

Во автомобилот ја чекаше жена чиј идентитет е непознат, а наводно оттаму се упатиле кон куќата на мајката на Вивиен.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-04.jpg

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-06.jpg

Илон Маск и мајката на Вивиен – Џастин – се разделија во 2008 година, а заедно имаат пет деца. Покрај близнаците Вивиен и Грифин, тие добија и тројка – Каи, Саксон и Дамијан.

Неколку години по разделбата, Џастин изјави дека морала да стави крај на врската бидејќи се чувствувала како „вработена“, а не „сопруга“ на милијардерот.

„Тој порасна во Јужна Африка со култура каде што доминираат мажите. Желбата да се натпреварува и да доминира која го направи успешен не исчезнуваше кога си доаѓаше дома.

Ова, заедно со економската нерамнотежа помеѓу нас, значеше дека по венчавката, почна да настанува одредена динамика во нашата врска. Зборот на Илон секогаш беше поважен од мојот, а тој постојано ми ги истакнуваше недостатоците.

Му велев дека сум му сопруга, а не вработена. Тој, пак, ми велеше дека ако сум му била вработена, ќе ме отпуштел од работа“.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-07.jpg

Сепак, тогаш Џастин изјави дека не жали за бракот со Илон, бидејќи така ги добила децата.

„Иако не сум во контакт со Илон, кога станува збор за децата, разговарам со неговите асистенти. Не жалам за бракот. Секогаш ќе го почитувам како личност.

Исто така, не жалам за разводот. Јас и Илон имаме заедничко старателство. Сега ми е одлично и благодарна сум за сè“.

Засега не е познато зошто Вивиен одлучила да се откаже од татко ѝ, ниту е познато дали добива финансиска помош од него.

prvi-fotki-od-najstaroto-dete-na-ilon-mask-otkako-si-go-promeni-polot-vo-zhenski-i-se-otkazha-od-tatko-08.jpg

Повеќе фотки од Вивиен:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg