Како Кејти Холмс успеа да ја претвори Сури од најразгаленото девојче од Холивуд во скромна тинејџерка?
Ја научи дека социјалните мрежи не се приоритет, па така Сури нема свои профили, а Кејти во една пригода изјави дека социјалните мрежи само ви го одземаат времето кое можете да си го посветите на себе и своето дете.
Ја расте надвор од Холивуд и се труди што повеќе време да поминува во Охајо, каде Кејти е родена, а каде Сури може да се дружи со баба ѝ, дедо ѝ и нејзините тетки.
Потоа ја поддржа во 2019 година да отпатува во Грција и да помага во камп со мигранти.
Исто така, ја носи на патувања низ целиот свет на кои заедно вршат хуманитарна работа. „Уживам во волонтирањето со својата ќерка и во слушањето на нејзините предлози како да им помогнеме на другите“, изјави Кејти во една пригода.
Кејти откри дека уште како помала Сури имала листа со обврски, кои вклучувале местење на креветот, носење чинии во мијалникот, носење на нечистата облека во корпа итн.
Исто така, во нејзиното воспитување голема улога имало строгото католичко училиште. Таа не тргнала по стапките на татко си да ја изучува скиентологијата.
И Сури и Кејти на прво местого ставаат своето мало семејство, имаат цврст однос и минуваат многу време заедно.
Сури Круз како мало девојче:
С. С. | Црнобело