Како Кејти Холмс успеа да ја претвори Сури од најразгаленото девојче од Холивуд во скромна тинејџерка?
- Детали
- сабота, 17 септември 2022
Сури Круз како мало девојче се шеташе со црвен кармин и високи потпетици и на само 3-годишна возраст имаше гардероба вредна милион долари, денес е природна, хумана и приземјена тинејџерка... Како нејзината мајка Кејти Холмс успеа во ова, по разводот со Том Круз?
Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз, Сури Круз, важеше за едно од најразгалените холивудски деца. Родена под среќна ѕвезда со сите можности, таа буквално имаше сè.
До денес кружат фотографии од неа каде како мало девојче се шета со црвен кармин и високи потпетици. Однесување кое го осудија многумина. На само 3 години нејзината гардероба беше проценета на вредност од околу 1 милион долари.
Но, денес Сури е прекрасна 16-годишна девојка, која изгледа навистина примерно, природно и скромно.
Таа порасна во приземјена тинејџерка и силна и независна млада жена. Како се случи ова?
Со паметно родителство од страна на нејзината мајка Кејти Холмс, откако се разведе од Том Круз во 2012 година.
Таа знаеше како да ја заштити својата ќерка од Холивуд и од сите притисоци кои ги носи тој нереален свет со себе.
Кејти успеа да воспита љубезно дете кое волонтира во хуманитарни организации и повеќе сака да го минува времето со семејството, отколку да се рафрла со раскош и да води привилегиран живот.
Кога се отсели од домот во кој живееја со Том Круз, Кејти престана да ѝ купува дизајнерски парчиња на ќерка си, а дури ги одбиваше и оние кои Сури ги добиваше на подарок од дизајнерите.