Први заеднички фотки од Леонардо ди Каприо (47) и Џиџи Хадид (27), по гласините дека се пар
- Детали
- среда, 14 септември 2022
Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид беа забележани на забава во Њујорк по гласините дека се пар. Со своите 27 години, Џиџи веројатно е најстарата девојка на Леонардо досега.
Пред недела-две се појавија гласини дека Леонардо ди Каприо се обидува да ја освои Џиџи Хадид, а некои извори блиски до актерот изјавија дека тие и излегле заедно неколкупати.
Сега, пак, се појавија и првите заеднички фотки од парот.
47-годишниот актер и 27-годишната Џиџи беа забележани на забава во Њујорк. Иако фотографиите објавени на Daily Mail се направени оддалеку и се нејасни, сепак се забележува дека станува збор за Леонардо и Џиџи.
Пред забавата, Џиџи беше забележана и на улица со истата комбинација – широки фармерки и бела кроп-топ маичка, додека Леонардо пробуваше да се скрие со црно бејзбол капче.
Леонардо и Џиџи разговара, а на неколку фотографии изгледа и како да се допираат.
Додека извор за Us Weekly вели дека Џиџи не сакала ништо романтично со Леонардо, извор за Page Six тврди дека тие веќе биле на неколку состаноци, но не сакаат да брзаат.
„Најчесто се со други пријатели, а неколкупати излегоа и сами. Ди Каприо не е личност која ’скока‘ од една во друга врска. Па, не се брзаат“.
За потсетување, Леонардо неодамна раскина со Камила Морон, кратко откако таа наполни 25 години.
Од друга страна, Џиџи има 27 години и веројатно е најстарата девојка со која Леонардо бил во врска. Истовремено, Џиџи има и 2-годишна ќерка со нејзиниот поранешен партнер Зејн Малик.
Додека Леонардо и Камила се разделија мирно, раскинувањето на Џиџи и Зејн беше бурно. Според изворите, Зејн бил проблематичен, па дури и физички ја нападнал мајката на Џиџи.
Наводно, поради ова пејачот добил наредба да се вклучи во програма за едукација против семејно насилство, но и да оди на терапија за справување со гневот.
Иако врската на Џиџи и Леонардо е нова, се чини дека тие се познаваат одамна – според Daily Mail, првпат се забележани заедно во 2019 година на забава.
Кратко по раскинувањето со Камила, актерот беше забележан со 22-годишната Марија Берегова, која е модел, но веројатно не станувало збор за ништо сериозно.
Погледнете и: Леонардо ди Каприо веднаш си најде нова, 22-годишна девојка + хит мемиња за неговиот вкус за помлади жени
Спирова С. | Црнобело