Клои Кардашијан со бившиот, Адел малку потпивната – најголемите ѕвезди на забава кај Бијонсе по повод 41-иот роденден (фото)
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
На гламурозната забава за 41-иот роденден на Бијонсе присуствуваа најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, а се чини дека прославата била и како модна писта – скоро сите ѕвезди се појавија во впечатливи комбинации.
На 4-ти септември, Бијонсе го прослави 41-виот роденден, а викендов направи забава на која беа поканети најголемите ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.
На гламурозната прослава присуствуваа ѕвезди како Ким Кардашијан, Меган Фокс, Дрејк, Адел и Џиџи Хадид.
Пејачката успеала да ги „собере“ најпознатите имиња од светот на шоу-бизнисот, па нејзината прослава заслужено ја доби титулата најгламурозната забава на годината.
Забавата се одржа во нејзиниот дом во Бел Ер, Лос Анџелес и иако пејачката уште нема објавено фотки, папараците успеаја да ги фотографираат ѕвездите додека пристигнуваа и си заминуваа.
А, се чини дека забавата била и вистинско модно шоу.
Ким Кардашијан се појави во црвен светкав комбинезон со леопардски принт, додека сестра ѝ Клои носеше светкаво здолниште со маица, во комбинација со чизми украсени со циркони.
Покрај Клои, беше забележан и нејзиниот поранешен партнерот Тристан Томпсон, што ги разгоре гласините дека и покрај бројните неверства, таа сепак му дала уште една шанса.
Помеѓу присутните беше и ќерката на Џони Деп – Лили Роуз Деп – со краток светкав фустан во комбинација со влечки.
Адел се појави со момчето, за кое постојат гласини дека можеби ја побарало за жена. Пејачката беше фотографирана со чаша во рака и изгледаше како да си поминала одлично.
Бела Хадид носеше кадифен комбинезон, а младата актерка Зендаја се појави со руса перика.