Почина кралицата Елизабета на 96 години - Велика Британија завиена во црно
- Детали
- четврток, 08 септември 2022
Кралицата Елизабета (96) уште од утринава беше со сериозно нарушено здравје под медицински надзор во замокот Балморал, а покрај неа беа нејзините деца и внуци.
Но, за жал омилената кралица не успеа да ја извојува и оваа битка.
Таа почина на 96 години.
Нејзиниот сопруг, принцот Филип, почина на 99 години во април 2021 година.
Таа во Велика Британија ќе биде испратена со најголеми почести.
Семејството објави дека кралицата починала попладнево, но нацијата и светот ги известуваат неколку часа подоцна.
Нејзиниот син Чарлс (73) сега ќе биде крал на Велика Британија.
Во Велика Британија ќе има 10 дена жалост, а милиони луѓе од државата и од целиот свет ќе одат да ѝ оддадат почит.
Кралицата Елизабета владееше 70 години и беше монарх кој најдолго бил на тронот.
Прочитајте и 10 работи што ќе се случат кога принцот Вилијам ќе стане крал
С. С. | Црнобело