Иванка Трамп со солзи во очите по втората операција од рак на тироидната жлезда на сопругот и ФБИ истрагата за татко ѝ
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
Иванка Трамп беше фотографирана како плаче додека зборува на телефон, по неколкуте трагични настани во нејзиното семејство – по смртта на мајка ѝ, јавноста дозна дека нејзиниот сопруг има рак на тироидната жлезда, а во меѓувреме ФБИ води истрага за нејзиниот татко Доналд Трамп.
По смртта на нејзината мајка и втората операција на сопругот поради рак на тироидната жлезда, Иванка Трамп беше забележана како плаче.
Ќерката на поранешниот претседател на САД беше фотографирана пред теретана во Мајами додека зборува на телефон и изгледа како да плаче.
Изминативе неколку месеци беа особено тешки за 40-годишната Иванка.
Во јули ненадејно почина нејзината мајка. 73-годишната Ивана Трам била пронајдена без свест во нејзиниот дом, а експертите утврдиле дека паднала по скали и повредите се причина за нејзината смрт.
Неодамна, пак, сопругот на Иванка откри дека имал рак на тироидната жлезда и долг период ја криел болеста дури и од неа.
Неколку денови пред новите папарацо фотки од Иванка, нејзиниот сопруг сподели дека направил втора операција за ракот на тироидната жлезда, како и дека сега се чувствува подобро.
Истовремено, таткото на Иванка, Доналд Трамп, е во неповолна положба откако ФБИ отвори истрага за него, па дури и го пребараа неговиот ресорт Мар-а-Лаго за скриени документи.
И покрај тешкиот период, набрзо по фотките на коишто плаче, Иванка беше забележана и со насмевка.
Заедно со сопругот и децата, Иванка возеше велосипед низ нејзиното соседство во Мајами.
Иванка изгледаше одлично со жолт фустан со кратки ракави, во комбинација со бел шешир.
Иванка и семејството на велосипед во Мајами:
Спирова С. | Црнобело