Пристигна со приватен џет, ги засени филмските ѕвезди: Џорџина Родригез блеска на Филмскиот фестивал во Венеција, 4 месеци по породувањето (фото)
- Детали
- петок, 02 септември 2022
Четири месеци по трагичната смрт на новороденчето, Џорџина Родригез се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и привлече повеќе внимание и од најголемите филмски ѕвезди.
На црвениот тепих на 79-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција се појави и Џорџина Родригез, а со стајлингот привлече повеќе внимание и од филмските ѕвезди.
27-годишната девојка на Кристијано Роналдо ги истакна облините со црн фустан со висок шлиц.
Комбинацијата ја дополни со црни влечки со штикла, како и впечатлив златен накит.
Џорџина сподели и неколку фотки на Инстаграм, а во описот истакна дека се појавува на црвениот тепих на важен настан по четврти пат.
Претходно, Џорџина сподели уште една фотографија направена во Венеција, на која носи бел фустан со долги ракави и ист накит како на фестивалот, само сребрен.
Таа пристигна во Венеција еден ден претходно, со приватен авион.
Минатата недела Џорџина се пофали и со нова минималистичка тетоважа – првите букви од нејзиното и името на Кристијано.
На фотката таа ја држи нивната 4-месечна ќерка.
Џорџина се породи на 18-ти август и доби близнаци. Но, за жал, момчето не преживеа.
Џорџина и фудбалерот ги споделија тажните вести со објава на Инстаграм, истакнувајќи дека нивната новородена ќерка е единственото нешто што им дава сила да го пребродат тешкиот период.
Кристијано и Џорџина заедно имаат две деца, додека фудбалерот има уште три деца од други жени.
Повеќе фотки од Џорџина во Венеција:
Спирова С. | Црнобело