Леонардо ди Каприо (47) сака само млади девојки – раскина со Камила Морон веднаш откако таа наполни 25 години
- Детали
- среда, 31 август 2022
За Леонардо ди Каприо е добро познато дека сака помлади девојки, а сега уште еднаш докажа дека неговата „граница“ се 25 години – откако неговата девојка Камила Морон го прослави 25-тиот роденден, тие се разделија.
Леонардо ди Каприо со години е мета на шеги поради неговите девојки бидејќи ниту една од нив не е постара од 25 години.
Иако можеби ова е само случајност, разделбата со Камила Морон покажува дека актерот најверојатно не сака девојка постара од 25 години.
47-годишниот оскаровец и Камила беа заедно пет години, но набрзо откако таа наполни 25, се разделија.
Веста ја дознал британскиот медиум The Sun, од извор близок до актерот. Според изворот, актерите ставиле крај на врската летово и наводно разделбата била мирна.
„Лео и Камила се разделија ова лето. Во добар однос се. Едноставно, одлучија дека тоа е најдобро“, вели изворот.
Актерот првпат ја запознал Камила во 2008 година, кога таа имала само 12 години.
Тој период Ал Пачино, кој е добар пријател со Леонардо, бил во врска со мајката на Камила, па затоа останале во контакт.
Првите гласини за нивната врска се појавија во 2017 година, но тогаш тие негираа. Сепак, следната година беа забележани заедно на музичкиот фестивал Coachella.
Кон крајот на 2018 година, извори блиски до актерите споделија дека тие се во сериозна врска, но и дека Леонардо никогаш не бил толку вљубен.
Бидејќи Леонардо е 22 години постар од Камила, парот се соочи со многу критики.
Еднаш Камила дури и се огласи во врска со критиките, со објава на Инстаграм Стори:
„Луѓето се гневни на луѓе за кои не знаат ништо. Само се надевам дека ќе научат да живеат со помалку омраза и дека ќе си го свртат интересот кон нешто друго, бидејќи животот без омраза е многу добар“.
Дури во 2020 година, Леонардо и Камила се појавија во јавност како пар, и тоа на доделувањето на Оскарите.
Кон крајот на истата година, тие почнаа да живеат заедно.
Годинава тие многупати беа забележани заедно, но се чини дека на Леонардо навистина му пречи девојка постара од 25 години.
Камила го прослави 25-тиот роденден на 16-ти јуни годинава, а според изворите, тие се разделиле овој период.
Бидејќи честопати се зборува за младите девојки на Леонардо, во 2019-та корисник на Редит направи и графикон на кој е повеќе од очигледно дека Леонардо немал девојка постара од 25 години.
На графиконот се претставени посериозните врски на актерот, заедно со неговата и возраста на девојките.