Рајан Рејнолдс ѝ го честита 35-тиот роденден на Блејк Лајвли со смешни фотографии + најдобрите шеги на парот
- Детали
- петок, 26 август 2022
Рајан Рејнолдс ѝ го честита роденденот на сопругата Блејк со неколку смешни фотки, а веќе е добро познато дека ова не е првпат да се шегува на нејзина сметка. Одвреме-навреме и актерката го возвраќа ударот.
На 25-ти август, Блејк Лајвли го прослави 35-тиот роденден, а нејзиниот сакан ѝ честита на препознатливиот шеговит начин.
Како и секоја година, Рајан Рејнолдс сподели неколку смешни фотки од актерката, но овојпат вметнал и неколку „понормални“.
„Среќен роденден Блејк Лајвли. Ти си спектакуларна. Не сум сигурен дали си родена или измислена.
Исто така, ти благодарам што одвреме-навреме ме тераш да излезам од дома“, стои во описот.
Актерот сподели селфи од него и Блејк на Мет галата, неколку фотки од Блејк во раскошниот фустан што го носеше на настанот, но и смешна фотка на којашто актерката спие, а на лицето има неколку листови марула.
Блејк и Рајан се венчаа во 2012 година, околу една година откако ја почнаа врската. Тие се запознаа во 2010-та, за време на снимањето на Green Lantern.
Истата година, актерот се разведе од тогашната сопруга Скарлет Јохансон, додека Блејк се раздели од тогашниот партнер Пен Беџли.
Тие имаат три деца – Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2).
Како што спомнавме, шеговитите роденденски честитки се веќе препознатливи за омилениот холивудски пар.
Речиси секоја година, и Блејк и Рајан ја користат роденденската честитка за да се пошегуваат еден со друг.
Актерот дефинтивно се надмина во 2019 година, кога на Инстаграм ги сподели „најгрдите“ фотки што ги има од Блејк.
Во 2017-та, тој ѝ го честита роденденот со фотка од нив двајцата. Но, Блејк е речиси целосно исечена од фотографијата.
„Среќен роденден на мојата неверојатна сопруга“, стои во описот.
Истата година, актерката го возврати ударот за роденденот на Рајан – сподели фотка од Рајан Рејнолдс со Рајан Гослинг, на која нејзиниот сопруг е исечен, со опис:
„Среќен роденден, душо“.
Но, актерите не ги чекаат само нивните родендени – редовно се шегуваат на социјалните мрежи и без повод.
На Денот на таткото, кратко откако ја добија третата ќерка, Блејк сподели фотка од актерот со неа:
„Од денот кога се роди нашето дете, бев сигурна дека најверојатно ти си таткото“, стои во описот.
Рајан, пак, има споделено фотографија на која Блејк е во смешна комбинација, а во опис напишал „без филтер“.
За Денот на вљубените во 2021 година, Рајан сподели смешно видео од Блејк истакнувајќи дека таа е неговата најголема љубов, барем во блиска иднина.
Повторно во 2021-ва, Блејк сподели селфи од неа и од Рајан на Инстаграм Стори, со опис:
„Многу сакам да се сретнувам фанови“.
Спирова С. | Црнобело