Познати личности кои важат за најлоши татковци (и зошто)
- Детали
- недела, 04 септември 2022
Некои им давале дрога на малите деца, други пак заради пороците со години не плаќале алиментација, додека пак трети јавно се откажаа од своите деца. Погледнете кои седум личности важат за најлоши татковци од чии постапки јавноста беше згрозена.
Некои заради зависностите, други затоа што биле во расправии со мајките на децата, но постојат поголем број познати личности што во еден период беа застапени во медиумите заради лошиот однос кон нивните деца.
Погледнете кои седум познати личности се најдоа на оваа листа:
Мајкл Лохан
Таткото на Линдзи Лохан е познат како телевизиска личност во САД, но и како татко на популарната актерка Линдзи Лохан. Тој бил зависник од дрога и алкохол, со години одбивал да плаќа алиментација, правел сè за Линдзи да добие улоги, а ги обвинуваше сите (па дури и сопругата) дека ја уништија девојката и ја навеле на деструктивен пат.
Денис Родман
Познатиот кошаркар кој важи за личен пријател на корејскиот диктатор Ким Џонг – ун, неодамна изјави дека не може да плати 800.000 долари алиментација за неговите две деца на 8 и 10- годишна возраст, кои ги доби со сопругата Мишел Родман, затоа што е болен и нема доволно пари.
Според изјавите на неговите адвокати, Денис е алкохоличар и не може да работи, па едвај успева да ги покрие сопствените трошоци, но многумина не му веруваат и го осудуваат дека е лош татко.
Едвард Фурлонг
Едвард Фурлонг стекна слава откако ја толкуваше улогата на детето во филмот Terminator 2. Познато е дека Фурлонг има проблеми со зависностите, а имало пишувања и за домашно насилство.
Сепак, освен што не плаќал алиментација, најлошите вести беа, кога неговата поранешна сопруга излезе со тврдење дека му давал кокаин на 6-годишниот син.
Прочитајте и Ги тепал поранешните девојки, му давал дрога на 6-годишниот син – Факти за Едвард Фурлонг, детето од Тerminator 2
Алек Болдвин
Алек болдвин со сопругата Хиларија веќе го очекуваат седмото дете, но во 2007-мата година тој се најде на сите насловни страници, откако беше објавено видео во кое на тогаш 11-годишната ќерка со Ким Бесинџер, Ирланд Болдвин ѝ вели дека е „бесчувствителна мала свиња“ затоа што го пропуштила неговиот телефонски повик.
Еди Марфи
Актерот одбиваше да прифати дека е татко на ќерката на Мел Би, Ејнџел, дури и по позитивен тест за татковство. Во 2009-та година тој ѝ го отстапи во целост старателството на пејачката од Spice Girls, но годишно плаќа месечна алиментација од 25.000 долари.
Еди од другите врски има уште девет други деца на возраст од 33 до 4 години.
50 Cent
Раперот Куртис Џејмс Џексон, попознат како 50 Cent јавно се откажа од својот син Маркиз Џексон пред очите на над 24 милиони луѓе. По судскиот спор со мајката на детето и јавните препукувања на социјалните мрежи 50 Cent веќе со години не разговара со неговиот 25-годишен син, но вели дека тој платил над 1,36 милиони долари за алиментација.
Вуди Ален
За Вуди Ален има поделени мислења затоа што факт е дека правел разголени фотографии, а потоа и се ожени за посвоената ќерка на неговата партнерка Миа Фароу, Сун Ји Превин. Вуди Ален исто така беше обвинет дека сексуално ја злоупотребувал и другата посвоена ќерка на Миа, Фароу, Дилан.
Прочитајте и Вуди Ален се ожени за посвоената ќерка на бившата жена – приказната за најконтроверзниот холивудски пар
Б. С. Б. | Црнобело