Коби Брајант и уште 6 познати личности кои ги имаат тужено своите родители

Меколи Калкин и мајка му речиси завршиле на улица бидејќи татко му не му дозволувал да ги користи парите што ги заработил како актер. За да добие пристап до неговите пари, актерот го тужеше татко му и откако го доби случајот, нема прозборено со него.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-01.jpg

Родителите се последните личности кои би помислиле да ги тужите, но некогаш се случува и ова, особено ако во целата ситуација се вклучени големи суми пари или нечија репутација.

Бидејќи најпознатите личности на планетата се многу богати, а нивната репутација им е едно од најважните нешта, неретко се случува да го заладат односот со родителите, па дури и да ги тужат.

Пoзнати личности кои ги имаат тужено нивните родители:

Лејтон Мистер

Ѕвездата од Gossip Girl ја тужеше нејзината мајка во 2001 година за трошење на нејзините пари.

Актерката сподели дека секој месец ѝ давала 7.500 долари на мајка ѝ – пари со кои мајката требало да ги покрие трошоците за лекување на братот на Лејтон.

Но, мајка ѝ ги трошела парите на козметички процедури, вклучувајќи пластични операции, ботокс и екстензии за коса.

Истовремено, се заканувала дека ќе ја тужи Лејтон ако не почне да ѝ испраќа по 10.000 долари секој месец.

По ова, и мајката ја тужеше Лејтон, со која бараше 3 милиони од актерката. Во тужбата, мајката вели дека „ја жртвувала својата среќа за кариерата на Лејтон“, па затоа таа ѝ ги должела парите.

Актерката успеа да докаже дека ова не е точно, како и дека мајка ѝ живее само од нејзините пари, по што мајката ја повлече тужбата.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-02.jpg

Ријана

Во 2019 година, Ријана поднесе тужба против татко ѝ, кој воедно е и нејзин бизнис партнер, a причината е тоа што самиот отворил фирма без да ѝ каже. Фирмата ја именувал Fenty Entertainment – името Fenty ѝ припаѓа на Ријана.

Според тужбата на пејачката, татко ѝ дал лажна изјава во медиумите дека ја отворил фирмата со Ријана и, злоупотребувајќи ја нејзината популарност, заработил милиони.

Истовремено, татко ѝ пробал и да ѝ го украде брендот Fenty.

Сепак, во 2021 година пејачката ја повлече тужбата.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-03.jpg

Меколи Калкин

Бидејќи се прослави во детството, на Меколи Калкин му требаше помошта од родителите за да управува со огромната заработка.

Но, наместо да му помогне, татко му ја злоупотребувал неговата положба и не му давал пристап до парите ни на актерот, ни на неговата мајка.

Меколи многупати има зборувано за малтретирањето што го трпел од татко му, а вели дека ситуацијата кулминирала кога неговите родители се разведувале и воделе битка за старателството, а со тоа и богатството на актерот.

„Имав милиони долари во банката, а мајка ми не можеше да плати кирија бидејќи сите нејзини пари ги трошеше на адвокати. Единствениот начин да допрам до тие пари беше да го оттргнам влијанието на татко ми“.

На крај, актерот го доби случајот и оттогаш нема прозборено со неговиот татко.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-04.jpg

Миша Бартон

Актерката ја тужеше мајка ѝ Нуала во 2015 година за експлоатација, измама, „булинг“ и вербално малтретирање.

Исто така, актерката изјави дека мајка ѝ отворила модна компанија со нејзиното име без дозвола. Притоа, не ѝ давала ништо од заработката, без разлика што брендот се прославил поради името на Миша.

Истовремено, мајка ѝ редовно ѝ крадела пари, па дури и ја присилила да ѝ купи дом од 7,8 милиони долари.

Сепак, во 2016 година, Миша ја повлече тужбата.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-05.jpg

Коби Брајант

Во 2013 година, родителите на Коби направија аукција со предмети што му припаѓале на кошаркарот, како училишна униформа и патики.

Кога кошаркарот откри, поднесе тужба против родителите. На крај тој и родителите се спогодија приватно, а тие дури и се извинија:

„Жалиме за нашите постапки. Се извинуваме за секое недоразбирање и болката што му ја нанесовме на нашиот син и ја цениме финансиската поддршка што ја добиваме од него“.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-06.jpg

Дру Баримор

На само 14-годишна возраст, Дру Баримор побара еманципација од нејзините родители. Односно, не сакаше тие да бидат одговорни за неа, па на 14 години легално стана возрасна личност одговорна за себе.

Причината се бројните проблеми со кои се соочи актерката бидејќи се прослави на многу рана возраст – на едвај 13 години, Дру веќе користеше дрога и алкохол, а на крај мајка ѝ ја затвори во институција.

Токму во институцијата актерката добила совет да се тргне настрана од родителите кои очигледно имаат лошо влијание врз неа.

Најчудното од сè е што мајка ѝ ја поддржала во оваа одлука, па целиот процес поминал релативно брзо и од 14 години актерката почнала да живее потполно сама.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-07.jpg

Џеки Куган

Веројатно не го знаете Џеки Куган бидејќи се прослави во 1930-тите, и тоа уште во детството. Но, неговиот случај е важен бидејќи е причина за закон кој ги штити децата актери.

Пред 18-тиот роденден, Џеки имаше направено над 15 филмови и заработка од речиси 4 милиони долари. Кога ќе ја земете предвид инфлацијата, оваа сума е многу поголема со денешната вредност на парите.

Но, неговите родители го злоупотребиле неговиот успех и фактот дека е малолетен, па ги потрошиле сите пари.

Додека се случувало ова, Џеки не ни знаел дека родителите му го трошат богатството.

Во 1938 година тој ги тужеше и го доби случајот, но доби само 126.000 долари.

Сепак, бидејќи случајот го стресе Холивуд, набрзо потоа беше донесен закон во Калифорнија кој го заштитува богатството на малолетните актери.

kobi-brajan-i-ushte-6-lichnosti-koi-gi-imaat-tuzheno-nivnite-roditeli-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg